Актерката гордо го покажала трудничкото стомаче во петтата деценија: „Со години чекав да станам мајка од 2 причини!“

Бременост во 40-тите

Актерката Хилари Свонк првпат се појавила во јавност откако забременила во петтата деценија, па гордо го покажала трудничкото стомаче

Доделувањето „Златни глобуси“ на Беверли Хилс собрало голем број холивудски ѕвезди. Па така, бројни ѕвезди продефилирале на црвениот килим и ги покажале своите модни комбинации за кои се зборува со денови.

Сепак, сето внимание го украла Хилари Свонк која го покажала своето трудничко стомаче. Имено, Хилари пред неколку месеци ја објави веста дека ќе стане мајка во петтата деценија и ја воодушеви јавноста.

Покрај неа, на црвениот килим заблескал и нејзиниот сопруг, кој ѝ е голема поддршка за време на бременоста. Актерката од 2016 година е во љубов со продуцентот Филип Шнајдер, а двојката се венчала во 2018 година по две години врска. Интересно е што нивната љубовна приказна започнала така што отишле на состанок на слепо.

Хилари вешто го крие својот љубовен живот од очите на јавноста, но и покрај тоа, познато е дека зад себе веќе има еден брак со актерот Чед Лоу, од кого се развела кратко откако добила „Оскар“.

По пропаднатиот брак, запловила во врска со тенисерот Рубен Торес, меѓутоа, ни таа врска не потрајала. Сепак, ја сретнала љубовта на својот живот, Филип Шнајдер, со кого изгледа дека конечно пронашла среќа.

Хилари на 48 години ќе стане мајка, а објавила и дека чекаат близнаци.

„Бркав кариера, а и немав вистинска врска сè до пред четири години. Сите тие елементи мораше да се поклопат“, рекла актерката која признала дека со години размислувала за мајчинство.

„За мајчинство размислував уште како млада девојка. И тоа секогаш ми беше во мислите, затоа, драго ми е што конечно сум бремена“, рекла актерката.

ЗЛАТЕН ГЛОБУС 2023: Хајди Клум била најлошо облечена, а никој не можел да го тргне погледот од деколтето на Селма!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.