Откриена е причината за смртта на манекенката и луѓето се во шок: Секоја жена мора да ги знае симптомите на болеста од која починала Татјана!

Прочитајте!

Вчера, на 57-годишна возраст почина славната манекенка Татјана Патиц, една од членките на „славната петорка“, а светот се шокира кога се дозна од што починала

Вчера нè шокира веста дека починала манекенката Татјана Патиц, но сега откриена е и причината за смртта.

Имено, Татјана починала по борба со рак на дојка.

Овој факт е поразителен, со оглед на тоа што оваа форма на рак успешно се лекува кога ќе се открие во рана фаза. Поради тоа, секоја жена на светот мора да ги знае симптомите на оваа опасна болест за навреме да ги препознае, открие и излекува.

Грутка во дојката

Грутката во дојката, понекогаш мала како зрно грашок, е најчестиот знак на рак на дојка. Меѓутоа, повеќето грутки во дојките не се рак. Ако сепак се лоцира, можеби имате неканцерогена циста на дојката – грутка исполнета со течност или фиброцистична состојба. Канцерогените грутки најчесто се безболни и со неправилни рабови. Понекогаш можат да бидат меки, тркалезни, нежни, па дури и болни. Грутка под пазувот исто така може да биде знак на предупредување.

Промени во изгледот на дојката

Некои промени на дојките се природни и може да се појават поради промена во тежината, поради стареење, во периодот на менструација, менопауза или за време на бременоста. Хормонските лекови, како што се пилулите за контрола на раѓањето или хормонските терапии во менопаузата, можат да ги направат градите погусти и поцврсти.

Понекогаш, ако жената има рак на дојка, може да забележи други промени пред да почувствува грутка. Некои форми на рак на дојка, како што е агресивниот инфламаторен карцином на дојка, може да се појават без грутки. Раните промени во изгледот на дојките што би можеле да сигнализираат дека се развива рак се следниве…

  • Отекување на целата или на дел од дојките – вдлабнатините (кога кожата изгледа како кора од портокал) е типичен симптом на инфламаторен рак на дојка.
  • Промени на кожата, како што се сувост, задебелување или лупење.
  • Вдлабнатини на кожата што не исчезнуваат кога ќе го соблечете градникот.
  • Ненадејни промени во бојата и формата на брадавиците.
  • Други промени на формата и големината од необјасниви природни причини кои немаат врска со лекови.
Промени на брадавиците

Брадавиците или подрачјето околу брадавиците, исто така, можат да бидат зафатени со рак на дојка. Промените на брадавиците што можат да бидат симптом на рак на дојка се:

  • Превртена брадавица или брадавица што се врти навнатре, со тоа што ова може да биде и природна промена.
  • Промени на кожата во пределот на брадавиците – црвенило, сувост, појава на корички или првут.
  • Исцедок што не е мајчино млеко, како на пример крв. Оваа појава може да биде предизвикана и од пилули за контрола на раѓањето, лекови и инфекции.
  • Болка.
  • Задебелување на дојките или болка.

Дојката може да стане подебела, пополна, како и да се појави болка, делумно или целосно. И двата симптоми честопати се знаци за помалку сериозна состојба – контрацепциските пилули можат да ги направат градите погусти, а фиброзата (вообичаена состојба што предизвикува грутки во дојката) може да предизвика болка, особено за време на менструација.

Почина славната Татјана Патиц миленичката на Версаче, Шанел и Валентино
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.