ЗЛАТЕН ГЛОБУС 2023: Хајди Клум била најлошо облечена, а никој не можел да го тргне погледот од деколтето на Селма!

Која е најдобро облечена според вас?

Во хотелот „Бевeрли Хилтон“ на Беверли Хилс, беше одржано доделувањето Златни глобуси, додека на црвениот килим прошетале еминентни актери, актерки, пејачи и модели

Вчеравечер, во Беверли Хилс беше одржано доделувањето награди „Златен глобус“, откако минатогодишниот настан беше бојкотиран поради расизам и не беше прикажуван на телевизија.

Актери, актерки, пејачи, модели и многу луѓе од шоу бизнисот прошетале на црвениот килим.

Хајди Клум се појавила во мини-фустанче со светки и пердуви, кое потсетувало на кичот од Лас Вегас. Комбинацијата на светки и пердуви ја направила Хајди да изгледа како уметничка лизгачка, а не како манекенка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tokio Hotel Fan Page (@tokiohotel_x)

Селена Гомез не била ништо подобра. Во обид да изгледа елегантно, одбрала долг црн фустан, но имала и чудни „паф“ ракави кои завршувале во виолетова опашка, што претставувало збунувачка комбинација. Фустанот на Селена Гомез изгледал како да го правеле двајца модни креатори, а не еден.

Хилари Свонк се појавила во придружба на сопругот во зелен долг фустан. Актерката гордо позирала покажувајќи го својот труднички стомак.

Селма Хаек блескала во долга тоалета, а актерката го покажала и длабокото деколте, кое привлекло бројни погледи.

Една од најубавите на црвениот килим била и Србинката Нина Сеничар. Таа носела црвен кадифен фустан на „Долче и Габана“. Нејзината вита става дошла до израз, а покрај неа цело време друштво ѝ правел нејзиниот сопруг.

Во галеријата во продолжение погледнете уште неколку впечатливи комбинации од црвениот килим на доделувањето „Златни глобуси“…

Најубавите изданија на доделувањето „Златни глобуси“: Познатите дами го покориле црвениот тепих во раскошни креации!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.