Бојана Атанасовска вторпат стана мајка: Пристигна синот Ѓорѓи
На мекици по повод раѓањето на малиот наследник ќе пее Драган Којиќ - Кеба
Пејачката и водителка Бојана Атанасовска, сега Скендеровски, вторпат стана мајка. Убавата вест ја сподели со фановите на социјалните мрежи.
Добредојде Ѓорѓи! Те сакам! – напиша таа на „Фејсбук“.
Авторката на емисијата „Улица Македонија“ со сопругот Васко веќе ја имаат ќерката Искра.
Утревечер, пак, тато Васко ќе организира мекици за малиот Ѓорѓи во еден познат скопски ресторан, а на забавата ќе пее српскиот пејач Драган Којиќ – Кеба, кој во Скопје ќе допатува специјално со сопругата Оља по овој повод.
Ubavina i zdravje magazin, vistinska prijatelka na sekoja dama.