Ќе ве вратат во детството: Суви чајни кекси од кои целиот дом ќе ви замириса прекрасно

Вкусен десерт за со кафе или чај

Овој десерт ќе ви одземе околу половина час, а ќе ве маѓепса со својот вкус и мирис

Состојки:
  • 3 јајца
  • 250 г маргарин
  • 1 лажица мед
  • 300 г шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 420 г брашно
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 250 г сечкани бадеми
Приготвување:

1. Пенесто измиксирајте го маргаринот со ванилиниот шеќер, шеќерот и медот.

2. Постепено додавајте ги едно по едно јајцата, постојано мешајќи со миксер.

3. Во приготвената смеса додајте ги брашното и содата бикарбона. На крајот додајте ги исечканите бадеми и полека промешајте со маталка, за да добиете изедначена смеса.

4. Со лажиче вадете по малку од приготвената смеса и редете ја на тепсија обложена со хартија за печење.

5. Печете во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу петнаесет минути додека поруменат малку.

Извор: Добра храна 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.