За здрав и активен ЖИВОТ

Бидете вити и здрави

Д-р Јонатан Јаром ја посети Македонија на 17-ти ноември, во рамките на локалниот настан Herbalife Nutrition

Д-р Јонатан Јаром, кој лекува од светски прваци до викенд-спортисти и аматери и се занимава со превентивна медицина преку ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ И ВЕЛНЕС, ни ги пренесе најважните навики за здрав и активен живот.

ГАРАНЦИЈА ЗА РЕЗУЛТАТИ

Што му е потребно на човековото тело за да постигнува извонредни резултати?
Во својата долгогодишна работа со професионални спортисти, со фасцинантни спортисти со инвалидитет, но и со викенд-спортисти, сум имал можност да видам дека човековото тело е способно да постигне извонредни резултати и неверојатно да напредува со помош на цврста волја, мотивација и гориво во облик на храна. На нашето тело треба да му ги дадеме потребните количества хранливи материи – витамини, минерали, протеини, масти, јаглехидрати, растителни влакна и вода.

Здравјето на телото се одржува со редовна активност и со планско вежбање. Со таков начин на живот ќе бидете поотпорни, помладолики, активни и ќе ги спречите негативните ефекти од стресот. Постигнувањето одлични резултати во секојдневјето не подразбира само да трчаме побрзо или да скокаме повисоко, тоа подразбира и со оптимизам да гледаме на животот. Позитивниот став ќе ни помогне да бидеме поздрави, можеби и посреќни. Значи, тајната на добриот живот е урамнотежена и системска исхрана, редовна и планирана физичка активност и позитивен пристап кон животот на сите нивоа!

КЛУЧОТ Е ВО РАМНОТЕЖАТА

Дали има значителни разлики во исхраната на професионалните спортисти и на луѓето што се занимаваат рекреативно со спорт?

Нема. Факт е дека на секој човек му е потребна урамнотежена и квалитетна исхрана. Дури и да вежбате секојдневно, не ќе можете да постигнете оптимално здравје ако не водите сметка каква храна внесувате во телото. Исклучително е важно обичните луѓе, спортистите рекреативци, да се свесни за фактот дека тајната на здравиот и долг живот е токму во рамнотежата меѓу исхраната и активниот начин на живот.

Исхраната на професионалните спортисти и на аматерите или рекреативците се разликува само по количеството и распоредот на оброците и тренинзите, меѓутоа нема разлика во квалитетот на исхраната. Со развивањето на телото, ја јакнете мускулната маса и ја зголемувате ефикасноста на аеробниот систем, а како резултат на тоа сте поотпорни на замор и на покачување на телесната тежина.

ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНАТА

Како да избереме соодветни производи?

Вежбањето треба да биде поврзано со целосна и урамнотежена исхрана – за физичка активност е потребно со храната да внесуваме витамини, минерали и фитонутриенти во правилни количества. Секогаш е подобро тие хранливи материи да ги добиваме од храната, но понекогаш тоа е невозможно. Главна причина што не внесуваме доволно од некои хранливи материи се недостигот од свежи и разновидни продукти и немањето време, а, долгорочно гледано, тоа може да предизвика и болести. Додатоците во исхраната се наменети токму за превенирање од оваа опасност. Треба да се има на ум дека повеќе не мора да значи и подобро, но помалку е полошо.

Кога страхуваме дека не внесуваме доволно од некоја хранлива материја, се препорачува да користиме додатоци во исхраната со врвен квалитет во разумни количества. Истото тоа важи и кога имаме конкретна потреба од некои хранливи материи, како што е случај со луѓето што редовно вежбаат или кај професионалните спортисти. Многу е важно какви додатоци во исхраната ќе избереме, но и кој е производителот: производите треба да се природни и чисти, во точно потребните количества. Тоа значи дека е исклучително важна контролата на квалитетот, а ретки се компаниите што инвестираат во скапи редовни лабораториски испитувања.

Д-р Јонатан Јаром, светски познат спортски лекар од Тел Авив, кој веќе 10 години член на нутриционистичкиот советодавен одбор на Herbalife Nutrition.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.