Разговор со бизнисменката Наталија Ангелиус: „Моја цел е подобро инклузивно општество и будење на совеста“

Интервју со познатата бизнисменка, сопственичка и иноватор на познатиот бренд Медобил

Новогодишните празници секогаш ни будат убави чувства, чувствa на радост, дарување и споделување. Кога сме кај дарувањето и споделувањето неможеме а да не се сетиме на оние луѓе кои покрај за своите блиски се грижат и за сите останати. Токму поради тоа е ова интервју со познатата бизнисменка Нaталија Ангелиус, сопственичка и иноватор на познатиот бренд Медобил.

 

Наталија, бидејќи почнавме со новогодишната тематика, што припремивте оваа година?

Како што кажавте новогодишните празници будат емпатија, радост, љубов и високи емоции, кои сами по себе подразбираат дарување и споделување.

И оваа година јас како диететичар по професија, составив и понудив во продажба пакетчиња за најмилите, во кои има само природни производи, со кои пред се ќе го сочуваме здравјето на дечињата а при тоа нема да треба да им ги “криеме” работите, бидејќи од премногу шеќер може да им се слоши, туку напротив колку повеќе ќе изедат од пакетчето-толку подобро.

А бидејќи секогаш доброто е многу подобро кога се споделува, оваа година ние како општествно одговорна компанија потпишавме договор за донација со ОУРЦ Златан Сремац од Скопје, основно училишта каде учат деца со пречки во интелектуалниот развој и аутизам. Секое продадено здраво пакетче во нашата продавница во Т.Ц Буњаковец или преку онлајн нарачка ќе значи донација на уште едно исто такво пакетче за друго детенце во Златан Сремац.

Како што рековте ова се пакетчиња од здрави и природни производи, Новата година е за неколку дена, дали истите ги има и низ целата година или само сега?

Овие пакетчиња ги има во редовна продажба кај нас како Хелти Китс Пакет, составот ицената им се менливи, бидејќи ги прилагодуваме според потребите и вкусот на детето.

И од овие пакети се дели по 30% од бруто вредноста за набавка на прехранбени здрави намирници за кујната во Златен Сремец.

 

Како што рековте Медобил е општествено одговорна компанија, но досега вашите хуманитарни активности не ги прикажувавте јавно, сега одлучивте да ја избегнете анонимноста?

Да, нашите досегашни активности беа анонимни од јавноста, иако многу организации од свои извори дознава и од истите имаме добиено многу признанија и награди.

Оваа година одлучивме јавно да ја искажеме хуманоста, во надеж дека ќе поттикнеме што повеќе компании и бизнисмени да преземат ваков чекор.

Нашата активност беше прифатена и споделена од многу луѓе  кои се активни на социјаните мрежи со голема бројка на следачи, и на истите јавно ќе им се заблагодариме за оваа поддршка на самата приредба при дарувањето на пакетчињата.

Споменавте организации и признанија, со години наназад и самата јавноста преку медиумите е запознаена со дел од нив, годинава веќе изминува а со оглед на тоа дека беше пандемија, дали ги имаше и во 2021?

Да, и оваа година имавме многу признанија и награди како од хуманитарни така и од други јавни организации за кои сум премногу благодарна и сите многу ми значат, а како најкредибилитетни би ги издвоила наградата Бизнис Авард која се одржа во Ушче центар во Белград во која бев избрана за жена истакната во бизнисот на балканските простори, и втората на која бев прогласена за Јака Жена Балкана која се одржа во Ниш, и на двете бев единствена претставничка од Северна Македонија.

Покрај бизнисот вас ве знае јавноста и како силна личност, тука ни привлече внимание и самата награда Јака Жена Балкана.  Како успевате сама и во бизнисот и во приватниот живот?

Да, наградата Јака Жена Балкана според мене е најголема награда за мене и мојата личност, јавноста е запознаена дека јас сум самохран родител на три деца од кои најмалото дете ми е дете со аутизам, и токму од него е и мојата сила и истрајност како на приватен план, така и во бизнисот, како би можела покрај себеси да помогнам и на сите други.

Наталија, ви благодариме за ова интервју, сигурни дека и во наредната година ќе останете истрајни во вашите активности со успешни реализации на истите.

Моја цел и залагање е подобро инклузивно општество, будење на совеста и прифаќање на едни со други, без никакви физички или психички поделби, така е сега, а сигурна сум дека за истото  ќе продолжам да се залагам и во наредната година.

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.