Еве зошто Јелена Ѓоковиќ ѝ е лута на свекрва ѝ: Не може да премине преку оваа изјава!

Се шушка

Изгледа дека свекрвите и снаите се осудени на нетрпеливост и ништо не може да го промени тоа

Односот помеѓу Јелена и Дијана Ѓоковиќ веќе некое време е напнат, а сега Јелена била многу повредена од изјавата на својата свекрва која кажала дека не очекувала Новак да се ожени токму со Јелена.

„Како младич што се занимаваше со оваа работа, тој немаше многу време за забава. Повеќе беше на пат отколку дома. Запознав една негова девојка, која беше одбојкарка од Краљево, беа деца. Подоцна ја запознавме Јелена. Кога имаа 18 години, не мислев дека ќе се венчаат, имаше време за сè, но ете, тој го поби моето мислење и се ожени со Јелена“, искрена била Дијана.

Исто така, таа истакнала дека постојат одредени несогласувања во односот со Јелена и Новак.

„Нормално е и природно што Јелена презеде некои работи, не би било добро јас да се мешам. Не се мешам во нивниот живот. За жал, тие ретко доаѓаат, тие си создадоа свое семејство и оаза. Јелена прави одредени работи на свој начин. Доаѓа до несогласувања, особено кога станува збор за исхраната, што не ја поддржувам“, рекла мајката на Новак Ѓоковиќ.

Како што пишуваат медиумите, извор близок на Јелена открил дека таа многу ѝ замерила на свекрва ѝ поради оваа изјава:

„За да не го нервираат Новак, и на двете им е полесно да се игнорираат и да не ја спомнуваат таа приказна. Тој сепак сето тоа го чувствува и го гледа и го нервира тоа што се случува, но не може ништо да преземе. Смета дека и двете се тврдоглави и дека лесно би пронашле компромис, но тие не сакаат дури ни да поразговараат на таа тема“, открил изворот детали за односот помеѓу снаата и свекрвата и додал дека на Јелена многу ѝ пречела изјавата на Дијана за нивниот брак:

„На Јелена исто така ѝ пречеше тоа што Дијана во едно интервју изјави дека не очекувала дека токму таа ќе му биде жена на Новак. Многу се изненади што го кажа тоа и по толку години заеднички живот.“

Мајката на Новак Ѓоковиќ ги критикува воспитните методи на снаата Јелена: „Премногу е строга мајка“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.