Emilio Pucci и Acqua di Parma: Виорот на радоста, убавината и солидарноста

Обединети со заеднички вредности, духот на празничната радост и големата страст кон убавината, Acqua di Parma и Emilio Pucci заедно даваат поддршка на меѓународната организација Save the Children

Во година на големи тешкотии, две италијански куќи ја разубавија празничната атмосфера со новата колекција кога го слави животот, љубовта и радоста.

Обединети со заеднички вредности, духот на празничната радост и големата страст кон убавината, Acqua di Parma и Emilio Pucci заедно даваат поддршка на меѓународната организација Save the Children, која веќе 100 години помага на загрозените деца, низ кампањата Rewrite the Future. Свесни за значењето на образованието и културата за развој на иднината, дел од приходот на секој сет се донира баш на оваа организација.

Emilio Pucci е компанија која е специјализирана за креирање на оригинален дизајн на живописен колорит. Основачот на компанијата создаде богат универзум на препознатливи дезени, но и непогрешлив стил за кој е награден со признанието The Prince of Prints.

Соработката помеѓу двете компании изразува совршена хармонија на радосниот стил на Emilio Pucci и блескава елеганција на Acqua di Parmа.

Дезенот Vortici е инспириран од веќе постоечката тема од архивата на Emilio Pucci, во комбинација со препознатливата жолта боја на Acqua di Parma, реинтерпретиран низ хармонично движење на светлоста и бојата, со златни детали. Vortici (виор) на позитивност и радост на живеењето не’ води на патување низ италијански предели, историски локации, софистицирана убавина, урбана архитектура, преубава цветна градина, медитеранско крајбрежје.

И баш за овие новогодишни празници, некои од најпознатите колекции на Acqua di Parma ја  облекоа Vortici облеката. Препознатливите сетови преоблечени во живописен празничен колорит се едноставно must have.

Препознатливата Colonia, како и Colonia Essenza од 100 ml, може да се најдат во елегантните сетови со гелови за туширање и дезодоранси.

Blu Mediterraneo е незамислив без своите бест селери Mirto, Fico и Arancia. Тоалетна вода од 75 мл, 40 млгел за туширање и 50 мл лосион за тело ќе не потсетат на мирисот на море и бескрајните сончеви денови.

Празничната магија Le Nobili ги претставува Rosu и Magnoliа. Овој пат може да ги најдете во сетови со парфеми од 100мл, гел за туширање од 75мл и крема за тело. Magnolia ќе ги израдува припадничките на понежниот пол со Beauty Ritual сет со парфем, крема за раце, но и парфем за коса.

Acqua di Parma и овој пат се погрижи и за Вашиот дом да замириса магично. Сввеќата и дифузерот Notte di Stelle ќе ја зачинат интимната атмосфера со ноти на бор, каранфил и малини, Останува само да се препуштите и да уживате.

Ви посакуваме пријатни и среќни новогодишни празници!

Празничните сетови на Acqua di Parma може да ги најдете во парфимеријата Fabu Spot Marriott.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.