Исплива тајниот план на принцот Филип од погребот на Леди Ди: Ова го правел кришум, убеден дека камерите нема да го уловат!

24 години подоцна

Документарниот филм „Филип: Принц, сопруг, татко“ кој зборува за животот на покојниот принц Филип, ќе биде премиерно прикажан деновиве

„Филип: Принц, сопруг, татко“ е новиот документарен филм за покојниот принц Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора и тој дава нов увид во неговата интима и карактер, кои јавноста немала можност да ги запознае додека бил жив.

Според многумина, еден од најинтересните делови во филмот ќе биде оној што ќе се фокусира на погребот на принцезата Дајана, за време на кој Филип бил покрај принцот Чарлс, принцовите Вилијам и Хари зад сандакот на Леди Ди, во далечната 1997 година.

Имено, еден од соработниците на принцот, неговиот пријател Мартин Палмер, рекол дека покојниот војвода од Единбург, кришум го тешел својот внук, тогаш 15-годишниот Вилијам, така што го тапкал по грбот кога мислел дека никој не може да ги види.

Исто така, објаснил дека принцот не сакал неговите внуци да растат во дисфункционално семејство и сакал да имаат што понормално детство.

„Има еден момент во кој поминуваат покрај Horse Guards Parade, каде што тоа сосема јасно се гледа, а и принцот Филип ми потврди кога го прашав за тоа: ‘Да, мислев дека камерите не можат да не уловат’. Во тој момент тој се врти кон Вилијам и го теши. Треба да го видите тој момент за да сфатите дека тој е само дедо кој се обидува да му помогне на својот млад, многу ранлив внук, кој се бори во тој ужасен миг. Знаеше како е да се биде член на дисфункционално семејство и се трудеше да не им се случи истото на неговите внуци,“ изјавил Палмер и додал дека идејата двете момчиња да одат зад ковчегот на мајка им не била на Филип.

Биографот на принцот Филип, Гајлес Брандерт открил дека војводата од Единбург воопшто не требало да учествува во поворката, но сакал да го направи тоа како дедо и дека требало Хари и Вилијам да чекорат зад погребните возила на Дајана само со својот татко, принцот од Велс, и со својот вујко Чарлс Спенсер.

Кралската авторка Ингрид Севард рекла дека Вилијам најпрво се двоумел дали да учествува во тоа, но тогаш Филип наводно му кажал:

„’Ако одам јас, ќе одиш и ти’. Вилијам прво одбил, но Чарлс го молел и му велел дека греши.

Принцот Филип тогаш се вклучил во расправата и на крајот Вилијам се согласил, но само под услов и дедо му да чекори покрај него.

Филип наводно рекол: ‘Станува збор за момчињата. Ја изгубија мајка им’“, додала Ингрид.

Во април оваа година, принцот Хари и принцот Вилијам чекореле зад ковчегот на својот дедо, принцот Филип, кој почина на 100-годишна возраст.

Приказната на принц Филип: На денот на венчавката имал 12 пени на сметка, а се венчал со кралица!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.