Приказната на принц Филип: На денот на венчавката имал 12 пени на сметка, а се венчал со кралица!

Животна приказна

Се откажал од презимето, верата и кариерата за кралицата Елизабета!

Најдолговечниот британски монарх, принц Филип, наполни 99 години. Насмевката на лицето е негов заштитен знак со години, иако во текот на животот многупати се соочувал со загуба на членови од семејството, финансиски проблеми, но и загуба на кариерата и презимето.

Грчки корени и семејни проблеми

Филип е роден на грчкиот остров Крф во 1921 година, за време на сукцесијата на престолот на Грција и Данска, но работите не течеле најдобро. Кратко по раѓањето, чичкото на Филип, кралот Константин Втори бил принуден да се откаже од престолот, а семејството на принц Филип морало да побегне во Франција.

Принцот го носеле во импровизирано креветче направено од кутии за овошје. Мајката на Филип подоцна завршила на психијатрија со дијагноза шизофренија, додека татко му си заминал, напуштајќи го семејството.

Одлучен студент со ветувачка кариера во морнарица

Во младоста Филип го опишувале како паметен човек, но исклучително љубезен. За да заштеди, одел во училиште во Германија, кое било во сопственост на брат му. За жал, само неколку години подоцна, сестра му и неговото семејство, вклучувајќи и три мали деца, загинале во авионска несреќа. Неговиот вујко и старател, лорд Милфорд, починал од рак на коски следната година.

И покрај сите трагедии, Филип дипломирал и се запишал на Кралскиот факултет –  морнарица, каде што се истакнал како најдобар кадет и станал најмладиот прв поручник во кралската морнарица.

https://www.instagram.com/p/CCF6Ph9hUDg/

Љубов која прераснува во брак

Принц Филип во 1939 година ја сретнал принцезата Елизабета, која се вљубила до уши во него. Парот си разменувал љубовни писма со години до 1946 година, кога Филип побарал благослов од кралот да се ожени со Елизабет. Кралот на почеток не го одобрувал тоа, бидејќи според кралските стандарди, Филип бил сиромашен.

Тој бил грчки принц, имал нацистичко семејство, а кралот го сметал за „глупав и иритантен“. Бидејќи била навистина многу блиска со својот татко, Елизабета на крајот го убедила кралот Џорџ да ја одобри нејзината венчавка со Филип. Принц Филип морал да се откаже од кралската титула, станал државјанин на Велика Британија, се откажал од религијата и го усвоил презимето на мајка му. На денот на венчавката, на сметка имал само 12 пени.

https://www.instagram.com/p/CBiZtS8HKqV/

Придружник на кралицата

До смртта на кралот Џорџ, објавено е дека новата кралица нема да го преземе презимето на својот сопруг, туку цел живот ќе биде Виндзор. Тоа навистина го вознемирило војводата:

„Јас не сум ништо повеќе од амеба. Јас сум единствениот човек во државата кој не смее да им го даде своите име на сопствените деца!“

Филип немал друг избор освен да се откаже од кариерата во морнарицата и тоа му паднало многу тешко.

https://www.instagram.com/p/CCJR8ZBDpXj/

Пензионирање на најстариот маж во британската монархија

Принц Филип извршил околу 22.219 самостојни проекти за кралицата, додека не се повлекол од должноста во 2017 година. Војводата е стар 99 години, а неговиот имот се проценува на околу 30 милиони долари.

Имотот на кралицата надминува 500 милиони долари, а син му, принц Чарл, има имот во вредност од 400 милиони долари.

Пред заминувањето во пензија, принц Филип се занимавал со хуманитарна работа, а најмногу со заштита на дивите животни.

Животната приказна на Елизабета Втора: Најдолговечната владетелка на Велика Британија
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.