Здравје, фитнес и убавина – сè на едно место во Premium physical therapy & sport center!

Фитнес-интервју

Разговор со Силвана Велјаноска

Со задоволство ви го најавуваме разговорот со  инструкторката по аерокик дисциплина – Силвана Велјаноска, од единствениот центар кај нас со уникатен концепт на работа – Premium physical therapy & sport center.

Во склоп на клиничката болница Аџибадем Систина се отвори најсовремено опремен центар-Premium physical therapy & sport center. Што го прави да биде единствен од ваков тип?

Единствен од ваков тип е поради самиот концепт.

Станува збор за најсовремениот и најмодерно опремен центар за здрав живот во земјавa, распространет на повеќе од 1100 метри квадратни, кој на едно место нуди комплетна интегрирана грижа за здрав живот – физикална медицина и рехабилитација, нутриција и диетологија,комплетно опремена сала за функционален фитнес, реформер и кадилак пилатес, сала за групни часови,сите видови масажи, парна бања и финска сауна.

Во него работи докажан тим на доктори, физиотерапевти, доктор по спортска медицина, нутриционисти, професионални тренери и сертифицирани инструктори со долгогодишно искуство зад себе. Едноставно, нема друго место на нашите простори, а и пошироко, во кое под еден кров можете да ги добиете сите овие услови и каде клиентите добиваат врвни и професионални услуги од стручен и искусен тим.

Современиот начин на живот бара голема грижа за здравјето, особено физичка активност. Какви индивидуални и гупни тренинзи нуди Премиум спорт центар?

Во Премиум спорт центарот  располагаме со сала која е опремена со најсовремени справи од брендот Technogym и во неа се одвиваат индивидуални тренинзи по функционален фитнес,тренинзи за сила и кондиција и индивидуални тренинзи по реформер и кадилак пилатес, под надзор на професионални тренери со долгогодишно искуство.

Кога се работи за груните часови, во програмата имаме Total Body workout, јога, јога за трудници и секако мојот час Аерокик.

 

Што поточно претставува дисциплината аерокик и како се одвива еден ваков час?

Аеро-кик, исто така познат и како кардио-кик или кик-фит  е тренинг кој комбинира елементи од кик-бокс, бокс и аеробни вежби во една програма со висок интензитет.

Аеро-кикот вклучува боксерски потези, удари со рака, нога, колена, како и скокања,клекнувања, стомачни вежби, склекови и ред други вежби со сопствена тежина.

Часот започнува со 10-15 минути активно загревање меѓу кое и кратки интервали за подигање на пулсот. Потоа,на вреќа се вежбаат комбинации од удари од областа на кик-боксот во времетраење од 30 до 40 минути. Крајот од часот најчесто е составен од вежби за стомак, издржливост и ,,ладење“ односно задолжително истегнување.

Кои се придобивките од овој тип на тренинг?

Има огромен број на придобивки. Според некои испитувања со аеро-кик тренинзите може да согорите од 500 до 800 калории во рок од 1 час. Покрај тоа што го подобрува физичкиот изглед и согорува калории, со овој тип на тренинзи се зголемува  силата, издржливоста, флексибилноста, способностите за самоодбрана како и самодовербата.

Од каде е желбата да станете инструктор по аерокик и кои се вашите почетоци во фитнесот?

Па како прво и основно причината да станам инструктор по аерокик е мојата љубов кон кик-боксот.

Со кик-бокс почнав да се занимавам на 19 години, но сето тоа на почетокот беше само како едно хоби кое потоа премина во вистинска љубов и желба за сè поголем напредок.

Мојата желба и мојот талент беше забележан од страна на мојот тренер кој инсистираше да се борам и секако со моја согласнот го скршивме мразот и излегов на неколку балкански и европски првенства и купови за кик-бокс.

Често за време на тренинзите, кога ќе дојдеа нови членови во групата тренерот мене ме ангажираше да им ги објаснам и покажам основите на кик-боксот. Додека го гледав нивниот труд, сфатив дека многу повеќе ме исполнува кога некому му го пренесувам моето знаење.

Во текот на овие години поминати со кик-боксот, увидов колку девојките се двоумат за започнување со ваков спорт. Затоа се одлучив за аеро-кик бокс.

Оваа „поблага” верзија на кик-бокс можеби ќе им помогне да се опуштат и да се пронајдат во ова поле.

Инстаграм: @premiumsportcenter

Фејсбук: Premium Sport Center

Веб-страница: www.premiumsportcenter.mk

Контакт тел.: 02 309 9666

ТЕКСТ: ПР

ФОТО: ДЕЈАН СТОЈКОВСКИ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.