АПММ: Инфлуенсерска маркетинг мрежа во Македонија

Увидувајќи ги можностите за унапредување на маркетингот на социјални мрежи во Македонија, АПММ креираше мрежа од дваесетина квалитетни таленти (инфлуесери) кои се во подем на социјалната мрежа Инстаграм.

Вкупниот број на следачи од сите „инфлуенсери“ во нашата мрежа изнесува околу 600.000 следачи.

Целта на проектот кој е во реализација, е да се поттикнат компаниите од земјата  да ги промовираат своите производи и услуги преку инфлуенсер маркетинг на социјални мрежи.

Анализата од досегашната пракса кај нас, покажува дека компаниите од угостителско-туристичкиот сектор учествуваат со најголем процент, односно околу 55% , потоа текстилниот сектор со околу 20%,  секторот дистрибуција на храна и пијалоци со околу 10 %, и личните услуги (одржување на нега на лице и тело) околу 10% и останатите сектори учествуваат со околу 5%.

Резултатот од стратегијата е одличен, за одреден процент поефикасна од спонзорираните објави на социјалните мрежи, но сепак во голема мера зависи од видот на услугата, производот и од начинот на таргетирањето.

Можам слободно да кажам дека во однос на квалитетот на услугите воопшто не заостануваме во споредба со развиените земји во светот.

Тоа пред се, се должи на професионалниот пристап, посветеноста и талентот на нашите инфлуенсери, вклучително и нашата услуга како краен производ за задоволување на потребите на деловните партнери.

Ви претставуваме дел од нашите соработници инфлуенсери со свој коментар

Кристина Тасевска

Кристина Тасевска: „Инфлуенсер маркетингот е најдиректен начин да се покаже и посочи производ, начин на размислување или живот на денешницата. Убаво е чувството кога на некој си му го „скратил патот“ до целта или мотивирал, за да си постави цел што го чини среќен.“

Ангела Тасева

Ангела Тасева : „Инфлуенсерството тука кај нас добива некое ново име „модерен бизнис“ преку кој што ние треба да бидеме одговорни за тоа што им го нудиме на нашите следбеници, а воедно и свесни за обврската која ја имаме спрема фирмите и брендовите кои сакаат да се пробијат на пазарот преку нас.

Лично јас не се чувствувам така, едноставно на сето ова гледам на поинаков начин. Сакам моите следбеници да се чуствуваат дека се „блиску до мене“, па затоа мојот профил го сведувам на слики од моето секојдневие.

Моја, една најдрага соработка која што трае сеуште ми е со АПММ, која сосема се посветува на компаниите, има желба и можности да им помогне во однос на нивно понатамошно промовирање и успешно се справува и снаоѓа во нивната работа.“

Ивана Ангелова

Ивана Ангелова: „Со активното користење на социјалните медиуми ми стана примамливо да презентирам дел од мојот секојдневен живот. Редовно правам евалуација на секоја кампања која ја промовирам, резултатите се одлични односно ефикасни. Имам над 14.000 следбеници, многу често се случува она што го промовирам да резултира со брза распродажба на залихите , тоа говори за влијанието

Со АПММ имам одлична соработка, ми се допадна што препознаа потенцијал во мене и сум дел од проектот. Таа е организација која допринесува за развој на инфлуенсерството, одлично и професионално искуство за мене.“

Рената Арсова

Рената Арсова: „Според мене инфлуенсери се луѓе кои се почитувани, гледани и слушани во некоја специфична индустрија од голема публика. Тие се категоризираат според нивната способност да влијаат на мислењата на нивните слушатели. Јас како инфлуенсер го чуствувам моето влијание на публиката бидејќи многупати со мои препораки за некој продукт луѓето верувале во моите препораки и го пробувале тој продукт. Таа доверба на луѓето ми покажува дека имам некое влијание врз нив.

Во насока на развој на инфлуенсер  маркетингот во Македонија, остваруваме одлични проекти со АПММ.“

Огромно поле за работа претставува привлекување на нови деловни партнери со цел имплементирање на проекти за промоција на производи и услуги преку инфлуенсер маркетингот.

Ги охрабруваме сите компании да се обидат да имплементираат инфлуенсер маркетинг стратегија во интерес на промоција на своите производи и услуги во земјата.

За сите информации во врска со инфлуенсер маркетинг може да не контактирате на marketing@apmm.mk

Со почит,

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.