Ador Gold третпат учествуваше на Саемот за венчавки

Посетителите имаа можност да ги најдат вистинските бурми за нив

Посетителите на Саемот за венчавки, трета година по ред можеа да ги најдат вистинските бурми за нив, благодарение на Ador Gold.

https://www.instagram.com/p/B83-rkUpcB0/

На вечерта на отворањето, Викторија Јаначковиќ го носеше моделот на Ador Gold, а нивен накит носеше и водителката на настанот Александра Илиевска, позната по емисијата за готвење „Брза кујна“. Лила Филиповска, како и секоја година, ја презема улогата на домаќин.

На првиот ревијален дел беа изложени уникатни парчиња од колекцијата на Ador Gold, а на вториот – невестински накит.

Посетеноста беше огромна и многумина ги најдоа вистинските бурми за нив. Покрај тоа, имаа можност да го искористат попустот од 15% и да учествуваат во богатата лотарија, во која беа доделени 2 ваучери во износ од 6.000 денари за купување бурми.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.