Chapter03: Нови блескави парчиња накит со италијански наратив (ФОТО)

Ве носиме на отворањето на новата продавница

Накит за креирање на забавни урбани приказни, накит за незаборавни авантури и врвен италијански дизајн.

Во пријатна атмосфера и во присуство на голем број познати личности и претставници на медиумите во Македонија, вчера се отвори новата продавница за накит Chapter03 во East Gate.

Шеста година како ја уживаме вашата доверба за префинет италијански накит. Македонската стилска приказна која се раскажува низ модниот симболизам на италијанскиот бренд Ребека, доби ново поглавје и нови Италијански брендови. Во новото поглавје, ќе се дружиме на една дестинација специјално дизајнирана за љубителите на врвниот италијански дизајн и трендовски накит.

Им благодариме на сите наши драги пријателки и пријатели кои беа со нас на новото отварање, а за оние кои беа оправдано отсутни, ветуваме уште многу прилики за убави дружења, порачуваат од Chapter03.

Mакедонската стилска приказна која веќе шеста година се раскажува низ модниот симболизам на италијанскиот бренд Rebecca, доби ново поглавје. Италијанското бренд-портфолио е збогатено со уште три познати брендови за накит: Rue des Mille, Rosato и Valentina Ferragni.

Секој бренд засебно, е автентична приказна со италијански наратив, совршена за креирање нови авантури и трендовски доживувања. Новите парчиња накит се веќе достапни во продажниот салон во East Gate.

Во продолжение, ви ја пренесуваме атмосферата од промоцијата.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.