Дизајнерскиот накит Annamaria Cammilli достапен и кај нас – ексклузивно во „Адор голд“

Парчињата накит се препознаваат дури и без читање на ознаката!

Annamaria Cammilli е лидер во светот за уникатен дизајн, изразен со извонреден финиш и ексклузивни бои на злато.

Во екот на празниците и сезоната на дарување, ве инспирираме за совршен поарок за вашите сакани!

Магијата на златото и скапоцените камења никого не го остава рамнодушен! А блесокот и елеганцијата на парчињата златен накит во излогот, но и љубезноста и уникатната енергија на Елза и Енди се добитната комбинација поради која ќе посакате накитот за вашите најзначајни моменти да го побарате во „Адор голд“.

Секој клиент е посебна своја приказна, со свои желби, мотиви, емоции што тешко се прераскажуваат: од вљубени момци што избираат прстен за својата сакана, до татковци што со парче накит сакаат да ѝ се заблагодарат на својата сопруга што им го подарила највредниот подарок, како и баби и дедовци, кои им купуваат подароци на своите внуци и правнуци за крштевки, родендени, матури, па до задоволни жени што сакаат да си купат накит едноставно од себе за себе. 

За дизајнот оставаме на вкусот и стилот на клиентите, но ако не успеат да го пронајдат тоа што им одговара, подготвени сме да ги реализираме сите идеи на клиентите. Секоја бурма може да биде персонализирана со гравирање датум, иницијали или ваш отпечаток, вели Елза.

Ново во „Адор голд“ е дизајнерскиот накит, кој ни доаѓа директно од Фиренца – Annamaria Cammilli. Станува збор за луксузен италијански бренд, кој се развива и обновува 35 години, но никогаш не ја напушта својата суштина.

Ексклузивни бои на злато

Клучни зборови што го дефинираат се иновација, креативност и врвна изработка.  

Уметноста и иновацијата буквално живеат во дизајнерската куќа на Annamaria Cammilli, која создава неконвенционална алхемија за современ и неповторлив накит, кој постојано се развива и надградува, но никогаш не го изневерува својот непогрешлив и препознатлив стил.

Природата е протагонистот во инспирацијата на креациите на Камили. Всушност, приказната за секој скапоцен камен започнува од природата, па нејзините облици и бои се почетна точка на секоја колекција накит, вклучувајќи ја и најапстрактната.

Фиренца е совршено живеалиште за оние кои создаваат, лулка на ренесансата и извор на инспирација за уметноста и модата, каде што убавината се слави во сите нејзини аспекти.

Комплетниот изглед и опседнатоста со модата се клучните зборови на креативниот тим Cammilli,  кој им посветува огромно внимание дури и на најситните детали во облеката и додатоците кои ќе се комбинираат со накитот.

Ова е многу важна комбинација, која никогаш не ѝ се препушта на случајноста – скапоцениот камен е главниот јунак, кој никогаш не се судрува со стилот на дамата, па затоа секогаш се постигнува нсовршено избалансиран визуелен резултат.

Во галеријата во продолжение можете да ѕирнете во колекцијата на Annamaria Cammilli, чии оригинални и луксузни парчиуња накит ќе ги најдете во „Адор голд“.

Локација на ADOR GOLD: во Стара скопска чаршија бб, тел: +389 75 442 299, и во ГТЦ, тел. 075 345 361

Фејсбук: @adorjewerly 

Инстаграм: @ador_gold

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.