Мода, гламур и префинетост – Магнетик со 9 нови продажни салони во Diamond Mall

Урбана оаза

Гала отворање на 9 продажни салони на Магнетик во Diamond Mall

Модната компанија Магнетик вчеравечер, ја претстави луксузната авенија со 9 продажни салони во Diamond Mall. Гламурозен настан претставен како урбана оаза со 9 различни уникатни модни случувања во секој продажен салон. Посетителите искусија сосема различно шопинг искусто, несекојдневна атмосфера исполнета со забава, подароци и многу изненадувања.

Секој продажен салон во Урбаната Оаза ја претстави својата уникатна приказна. Pennyblack заедно со Себастиан Дора ги направија најубавите модни комбинации од новата колекција на Pennyblack, Marella заедно со познатата мејкап артистка Сим Салтирова и Космо споделуваа совети за убавина, додека Weekend Max Mara со капсулната колекција инспирирана од Лондон гo доближија лондонскиот стил до нашата публика.

Главното случување беше во урбаната Оаза пред Magnetik Gаllery каде за целосната забава беше задолжена Еми Наскова, а Амигос подготви егзотични коктели во стилот на Магнетик Урбаната Оаза.

 

Со Gerry Weber беа направени најубавите спомени со полароид слики, и беше прославен 50-тиот роденден нa Gerry Weber, а Pinko Love Bag и интерактивното огледало беа вистинска атракција. Fiorella Rubino заедно со дизајнерката Фрози Фран споделува модни совети, додека Oltre се претвори во вистинска цветна оаза.

Магнетик Урбаната Оаза претставува сублимат на се што компанијата го градела со годините со цел да ги задоволи вкусовите на урбаните и современи дами.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.