Малиот Крстан е копија на Цеца: Пејачката објави фотографија која го докажува тоа (ФОТО)

Погледнете!

Внукот на Цеца Ражнатовиќ е нејзина копија.

Крстан Ражнатовиќ, помладиот син на Богдана и Вељко Ражнатовиќ, од самото раѓање им ги освои срцата на најблиските, а како што се појавуваат неговите фотографии на социјалните мрежи, тој маѓепсува сѐ повеќе луѓе.

Неговите слики на Инстаграм најчесто ги објавуваат неговата баба Цеца и тетка Анастасија.

Така и овој пат фолк-пејачката сподели фотографија од најмладиот миленик, а сите забележаа дека внукот на Цеца Ражнатовиќ личи на неа.

И додека досега најчесто го гледавме на слики на кои спие или е сериозен, денес се појави фотографија на која тој е насмеан. А неговата насмевка ги потсети сите на онаа без која баба му Цеца никогаш не излегува во јавност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Покрај насмевката, јасно е и дека внукот на Цеца Ражнатовиќ ја наследил нејзината форма на лицето, како и крупните темни очи, чија светлина осветлува сѐ околу него.

Љубов моја, Крстан – напиша пејачката во описот на фотографијата со емотикон срце.

Цеца еднаш ја спореди својата фотографија со онаа на Вељко, на која се гледа колку нејзиниот син личи на неа, па не чуди што и внукот е нејзина копија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.