По неколку децении Полумента со солзи открива детали за неподвижната сестра и нивните интимни моменти (фото)
Таа не слуша и не зборува, но затоа регира...
Полумента: Од неа ги научив најголемите животни лекции!
Дадо Полумента иако е емотивно врзан за своето семејство, по се се чини дека посебно место има неговата сестра Дијана која има сериозни здравствени потешкотии.
Пејачот неодамна низ солзи проговори за сестра си, истакнувајќи дека од неа ги научил најважните животни лекции иако таа не зборува.
Имено, Дијана е родена како и секое друго бебе, како нормално дете. Но проблемите настанале кога на нејзини три месеци качила висока, внатрешна температура од 42 степени. Тогаш лекарите и дале погрешна терапија со што се парализирала. Од тој момент почнале да и откажуваат функциите на мускулите.
„Последните, па да речам, триесет години таа е во количка. Не постојат зборови со кои можам да ја опишам таа болка. Никој не знае низ што поминаа нашите родители, а особено таа. Скоро и никогаш не зборувам за тоа, навистина ми е тешко“, низ солзи рече Полумента.
Неодамна пејачот промовираше нов албум, а тогаш и откри дека Дијана не може да ги слушне ниту неговите песни.
„За жал, сестра ми не слуша… Таа реагира…“, додаде Полумента.
Фото: Инстаграм
Коментарите се заклучени.