Не постои поубав, но ни повалкан маж од него: Додека некои жени воздивнуваат по него, на други им се превртува желудникот!

Најсмрдливиот актер на светот

Актерот официјално беше прогласен за најубав маж на светот, но тој има една многу лоша навика

Познатиот актер Роберт Патинсон неодамна открил дека не се грижи многу за својата лична хигиена и дека со недели може да не ја измие косата. Истакнал дека воопшто не се преоптоварува поради тоа, но од некоја причина, повторно почнал да ја мие.

Инаку, Роберт важи за еден од најатрактивните актери, откако се прослави во „Самрак“. Меѓутоа, тој и официјално беше прогласен за најубавиот маж на светот, според принципите на математичкиот „златен пресек“.

Многу жени се согласуваат со тоа, но има и такви што никако не можат да го прифатат тоа, тврдејќи дека постојат многу поубави актери од него.

Во интервју од 2012, Патинсон открил:

„Често носам шешир, бидејќи имам многу остатоци во косата кои со години се таложеа, не ја миев косата и немав никаква смисла за лична хигиена. Дури и денес не се снаоѓам во работите во коишто би требало да бидам секси маж, и буквално барам од луѓето во студиото да го извадат првутот од мене.“

Тој, исто така, додал:

„Ако не ја измиете косата 6 недели, никогаш веќе нема да морате да ја миете, додека не стане неподносливо.“

Извори откриле дека имал проблеми поради своите хигиенски навики додека го снимал „Самрак“:

„Смрди. Мислам, тоа е ужасно. Никогаш не се тушира и тоа ги излудува луѓето на сетот.“

Единствената личност на која воопшто не ѝ пречел неговиот мирис била неговата поранешна девојка Кристен Стјуарт.

„Одлично мириса. Се случува нешто животинско. Му прилегаше на филмот, така што беше совршен“, рекла актерката.

Тој признал дека денес е поинаков и дека сака да се грижи за себе.

„Не можам да кажам дали е тоа така поради мојата врска со Диор или затоа што сум постар, но почнав да водам сметка за хигиената и хидратацијата. Тоа беше прилично длабока промена во мојот живот.“

Патинсон не може да поверува колку се променил, но ја обожава својата нова верзија и чувството на луксуз:

„Никогаш не помислував дека еден ден ќе носам шифон, свила и сатен.“

Убедливо најубав маж на светот: Според анализите, Роберт го зема првото место, а зад него е Бред Пит
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе