Сузана го маѓепса Саша со јадење кое се приготвува за 15 минути: Овие шпагети се дефинитивно највкусни! (рецепт)

Нејзиниот рецепт го бараат сите колеги!

Пејачката Сузана Јовановиќ ужива да приготвува храна за своето семејство, па иако дома има помошничка, сепак таа го има главниот збор во кујната.

Со оглед на тоа што нејзините и децата на Саша Поповиќ живеат во сопствени станови и не се секој ден кај нив за ручек, пејачката почесто приготвува брзи оброци.

Рецептот на Сузана Јовановиќ за едно такво јадење се шпагети во карбонара-сос.

Потребни се само петнаесет минути за да се приготват, па затоа се идеални за оние кои немаат многу време, или не сакаат да стојат покрај шпоретот со часови. А вкусот на овите тестенини ќе ги задоволат и најпребирливите.

Состојки:

1 литар полномасно млеко

две кесички сос од шпагети карборанара

500 г шунка или сланина ситно сечкана

1 пакетче шпагети

скашкавал по ваш избор

Приготвување:

Одземете една чаша од литар млеко, а во преостанатото измешајте две кесички сос. Кога смесата ќе се соедини, ставете ја на загреана рингла и варете додека се згусне. Ако претерано и пребрзо се згусне, додајте ја чашата млеко што првично сте ја оставиле на страна.

Откако сосот ќе се згусне, додадете ја шунката, а по желба можете да ја зачините со бибер или оригано. Соединете сè со претходно сварените шпагети и посипете со рендан кашкавал.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.