Прослава во домот на Нермин Ханџиќ, Вики ја сподели среќната вест: „Ако сакаш и имаш“ (ФОТО/ВИДЕО)

Нермин напорно работи...

По триумфот во најгледаното музичко натпреварување

Поранешниот победник на Ѕвездите на Гранд, Нермин Ханџиќ и неговиот брат близнак Белмин денеска го слават својот 21-ви роденден, а честитките пристигнуваат од секаде.

По триумфот во најгледаното музичко натпреварување, Нермин напорно работи.

Има настапи ширум светот, а неодамна со својата менторка Вики Миљковиќ пееше во Дубаи, каде направија спектакл од невидени размери, а таа беше една од првите што јавно му честиташе.

„Да сакаш и да имаш, да имаш и да споделуваш. Нека се оствари се што посакуваш. Нека секоја ваша желба стане остварување на сон. Среќен роденден“, напиша Вики.

Покрај тоа што неодамна уживаа и беа на турнеја во Дубаи, Вики и Нермин имаа и неколку локални настапи, а сега Нермин ги сподели првите впечатоци.

„Дубаи пред се ме воодушеви со уредувањето и градбите, а згора на се, местото каде што настапивме, Бурџ Калифа и секако реакцијата на луѓето на настапот се едно скапо искуство. Многу ми е драго што луѓето ми пријдоа и ми честитаа за мојот настап. Секако, најгорди и најзадоволни беа Вики и Ташке, кои секој мој успех го сметаат за свој, ме имаат за нивно дете“, гордо истакна Ханџиќ.

Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.