“WEDDING EXPO 2023 Skopje”: Од 10-ти до 12-ти март саем за венчавки во Скопје!

Единствениот саем за венчавки во Македонија Wedding Expo Skopje по 11-ти пат ќе се одржи во хотел „Александар Палас“.

Терминот за одржување е од 10-ти до 12-март каде над 50 – изложувачи ќе ги претстават модните трендови за 2023.

По традиција во петок од 17 часот саемот ќе биде отворен за посетители, а веќе во 20 часот ќе се случи големото шоу „Celebrities in wedding dresses“,  модната ревија на познатите во венчаници, а шоуто ќе биде збогатено со музички настап на Бојана Скендеровски и сценски танцов настап со аргентинско танго.

Водител и домаќин на шоуто е Ведрана Ѓоргевиќ. Оваа година целото вечерно шоу ќе биде ексклузивно емитувано на „Канал 5“ телевизија во сабота во 21часот.

На програмата на саемот за сабота и недела се договорени неколку идивидуални модни ревии и музички перформанси како и едукативно шоу за свадбена шминка и фризура.

Влезниците се купуваат на каса во хотелот или на платформата купикартизасе.ком

Работно време за посетители: Петок 10 – ти, од 17ч до 22ч, Сабота од 10 до 21ч, Недела од 10 до 20 часот.

Влезници се купуваат на билетарата во хотел „Александар Палас“ и он-лајн на платформата купикартизасе.

Програмата на саемот ќе се состои од модни ревии, музички настапи и промоции.

contact@vobelo.mk vobelo.mk@gmail.com

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.