Ador Gold: Симболот на вечната поврзаност

Изненадувања на 10-от Саем за венчавки

Бурмите се многу повеќе од прстени. Тие се вечен симбол на она што ве споило – љубовта.

Бурмите засекогаш предавајќи се од колено на колено ќе ја пренесуваат приказната за вашата врска… Токму затоа е важно да го изберете вистинскиот пар, а во тоа ќе ви помогнат Елза и Енди со нивната љубезност и уникатната енергија, но и огромниот избор на веренички и венчални прстени во ADOR GOLD.

ФЕНОМЕН КОЈ НЕ СЕ МЕНУВА

Да бурмата е феномен и вечен тренд што не минува, а и обединува – универзална е, за сите генерации, обичаи, религии. Таа се носи во сите пригоди и со сите стилови. Затоа е многу битно кога се избира бурма да се внимава на стилот и удобноста. Во ADOR GOLD им придаваме посебно внимание на бурмите. Нудиме голем избор на дизајни и комбинации, од класични до ултрамодерни и персонализирани бурми. Заедничко за сите бурми што ќе ги најдете кај нас е удобноста – сите се анатомски и ултраанатомски и се пријатни за носење, а квалитетот ви гарантира долговечност на вашата бурма.

ШТО БАРААТ КЛИЕНТИТЕ

Секој клиент е посебна своја приказна, со свои желби, мотиви, емоции што тешко се прераскажуваат: од вљубени момци што избираат прстен за својата сакана, до татковци што со парче накит сакаат да ѝ се заблагодарат на својата сопруга што им го подарила највредниот подарок, како и баби и дедовци, кои им купуваат подароци на своите внуци и правнуци за крштевки, родендени, матури, па до задоволни жени што сакаат да си купат накит едноставно од себе за себе. За дизајнот оставаме на вкусот и стилот на клиентите, но ако не успеат да го пронајдат тоа што им одговара, подготвени сме да ги реализираме сите идеи на клиентите. Секоја бурма може да биде персонализирана со гравирање датум, иницијали или ваш отпечаток.

ИЗНЕНАДУВАЊА НА 10-ТИОТ САЕМ ЗА ВЕНЧАВКИ

Трета година по ред нашите бурми ќе бидат изложени на саемот за венчавки. Сите бурми на едно место ќе можете да ги разгледате, а стручниот тим на ADOR GOLD ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор. Доколку ги порачате вашите бурми  во време на траењето на саемот, ќе добиете 15% попуст на сите модели. Со секој порачан пар бурми добивате на  подарок планер за венчавки. Доколку сепак не можете да се одлучите за модел додека трае саемот, можете да направите резервација за купување преку која ќе искористите 10% попуст, а моделите можете да ги одберете кога вам ви одговара во нашиот изложбен салон.

Локација на ADOR GOLD: Стара скопска чаршија бб

Тел: +389 72 680 336

Фејсбук: @adorjewerly 

Инстаграм: @ador_gold

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.