МОДЕН ДИКТАТ: Лила Филиповска во модел на „жешкиот“ моден бренд по кој „полудеа“ светските убавици (ФОТО)

Само за смели дами... како неа!

Доколку сте љубител на хеланки и комбинезони на кои никој нема да остане рамнодушен, тогаш сигурно сте ги забележале оние од колекциите на Mugler, кои се интригантна комбинација на тул и непроѕирна ткаенина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MUGLER (@muglerofficial)

Моделите на популарниот бренд Mugler им е се’ почесто избор за црвениот тепих на голем број познати дами, меѓу кои и Бијонсе, Дуа Липа, Кајли Џенер, Наоми Шерон и многу други светски познати пејачки и манекенки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MUGLER (@muglerofficial)

Ѝ го привлекоа вниманието и на нашата популарна водителка Лила Филиповска, која се одлучи за хеланки Mugler со карактеристичните изрези од тул, кои совршено ѝ прилегаа.

Прекрасната Лила ги искомбинира со црна бунда, големи очила за сонце и сандали на висока потпетица. Кратката руса коса, за која сите тврдат дека совршено ѝ стои, и беше стилизирана во популарниот „мокар изглед“ (wet look), а поводот беше ревијата на луксузниот накит на „Адор голд“ на Саемот за венчавки во нашата престолнина, која со големо внимание ја проследи седејќи во првиот ред и предизвикувајќи големо внимание.

Инаку, Лила ја краси насловната страница на новиот број на магазинот „Убавина и здваје“, каде што премиерно го покажа новиот имиџ, а во искреното интервју им ја открива на читателките својата битка против канцерот на дојка.

Нејзините зборови наидоа на огромен прием кај обожавателите, кои постојано ја посипуваат со зборови на поддршка, одавајќи и почит за борбеноста, издржливоста и победата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на порталот www.ubavinaizdravje.mk Преземање авторските фотографии е дозволено само со устен или писмен договор со порталот. Во спротивно, следуваат правни мерки.

ИСКРЕНО СО ЛИЛА ФИЛИПОВСКА: „Канцерот ми го смени животот, но не и мојата вредност!“

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Убавина и здравје

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.