Вест што ќе ги израдува идните невести: Саем за венчавки 10-12 март 2023 во Скопје!

Водителка и домаќинка на саемот оваа година е Ведрана Ѓоргевиќ.

Саемот за венчавки е сигурно најдоброто место за решавање на сите свадбени слатки грижи. Вообичаено најслатката грижа за секоја идна невеста е изборот на венчалниот фустан, а нејзините деверици, кума, старосватица, свекрва, мајка итн., грижата е да го пронајдат совршениот свечен фустан.

Ние сме сигурни дека Саемот ќе ви го реши овој проблем. Оваа година изборот е навистина најголем досега, врвните наши дизајнери од цела Македонија но и еминентни странски брендови ексклузивно ќе ги претстават своите нови колекции на 11тиот саем за венчавки, а дел од нив ќе настапат и со индивидуални модни ревии.

Но на саемот ќе има многу повеќе од венчаници и костуми. Најдобрите декоратери, фотографи, накит (бурми), покани, козметика, ресторани, обувки, подароци, односно се што е неопходно за вашиот ден да биде совршен.

Зачувајте го датумот – 10 до 12 март 2023, во хотел Александар палас, над 50 изложувачи на 2.500 м2.

Отворањето на саемот е предвидено за 10 март од 17 ч. за посетителите, а во 21 ч ќе биде свечениот дел кога на пистата ќе прошетаат многу познати личности облечени во венчаници и костуми. Во текот на вечерта, ќе има и музички дел и многу забава.

Водител и домаќин на саемот оваа година е Ведрана Ѓоргевиќ.

Во делот на програмата, за сабота и недела ќе има неколку индивидуални ревии, а посебен сегмент ќе биде и приказот на соодветни фризури и шминка за идните невести.

На сцената ќе има познати мејкап-артисти, кои ќе презентираат и ќе делат совети за совршен изглед за големиот ден.

Првпат во Македонија ќе имаме и презентација на моден дизајн во 3Д-форма, а најдобрите дизајнери ќе добијат и посебно признание.

Секако, најголемата забава за идните невести ќе биде прошетката низ трите хали во хотелот каде што најдобрите дизајнери, декоратери, фотографи, ресторани и се’ што е потребно за организација на големиот ден ќе го изложат на простор од 2.000 м2.

Секако убавината на саемот не се само иновациите, но и големите попусти кои ќе ги добиете доколку аплицирате за нашата шопинг-картичка која ја добивате бесплатно, а се’ што треба да сторите е да ни пишете на нашиот меил contact@vobelo.mk и vobelo.mk@gmail.com и да ги оставите вашите податоци (тел. име и датум за свадба). Организатор на настанот е магазинот www.vobelo.mk

Пријавувањето за учесници е на contact@vobelo.mk, vobelo.mk@gmail.com

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.