„Животот на Лота: Што блееш како овца?“: Подарок за 1 читател на „Убавина и здравје“

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Дали сте подготвени за втората авантура на Лота Петерман?

Февруарската „У&З-лавина од подароци“ ја затвораме со подарокот од издавачката куќа „Антолог“ – книгата за деца „Животот на Лота: Што блееш како овца?“ од Алис Пантермилер и Даниела Кол.

„Денеска во училиште се случи нешто многу потресно. Беренике фон Бјодекер формира женска банда, која се вика ГЛАМУРОВКИ. Речиси сите девојчиња од одделението се дел од нејзината банда, освен мојата најдобра другарка Шајен и јас. Ние секогаш ќе ги викаме ГЛАМУРОВЦИ.  😉

Кој ги врти, Шајен и јас си направивме своја банда – ДИВИТЕ ЗАЈАЧИЊА! Ама, бидејќи сме само две, го зедовме со нас и Паул со неговата куќичка на дрво.

Ама испадна некако глупаво бидејќи кај ГЛАМУРОВЦИТЕ ни дишат во врат, па и РОКЕРИВЕ ни се закачија.

Дали ќе го разрешиме проблемот со мојата индиска блок-флејта? Или пак ќе ни се случат и тон други смешни работи? Прочитај и ќе видиш!“

Доколку сакате да ја добиете книгата на подарок, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата. Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во март. Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.