Подароци за љубителите на пишаниот збор: „Еднаш засекогаш“ и „Соба со поглед“

Овие и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Литература.мк подготви изненадувања за двајца читатели

Драги наши, Литература.мк ќе израдува двајца читатели на февруарскиот број на најтиражното списание за жени „Убавина и здравје“ со прекрасен подарок – романите „Еднаш засекогаш“ од Сара Десен и „Соба со поглед“ од Едвард Морган Форстер.

Интересен, нежен и пенлив како шампањ, романот на Сара Десен е слатко задоволство.

Луна знае многу за венчавките – но малку за љубовта. Откако минала многу лета работејќи за мајка ѝ, која се занимава со организирање венчавки, Луна видела секаков тип венчавки: од неформални, на плажа, до елегантни, во огромни историски куќи.

Се соочила со разни кризни ситуации: невести кои избегале, деверици кои сакале да бидат во центарот на вниманието, младоженци кои сакале сè да биде по нивно. И го видела исходот од секоја совршена венчавка. Можеби затоа Луна е толку цинична кога се работи за среќни краеви, особено поради тоа што нејзината идилична прва љубовна приказна завршува трагично.

Па, кога згодниот, весел женкар Амброз ќе се појави во нејзиниот живот, Луна нема да го сфати сериозно. Тој е сигурен дека може да се промени. Луна се обложува дека не може. Но Амброз мрази да не го добива она што го сака, а Луна е девојката која ја чекал целиот живот.

Едвард Морган Форстер (1879 – 1970) е еден од најпознатите англиски романсиери на 20 век. Современик на Вирџинија Вулф, Д. Х. Лоренс и Т. С. Елиот, како и член на познатата група Блумсбери, тој бил номиниран за Нобеловата награда за книжевност дури шеснаесет пати. Негови најпознати романи се „Соба со поглед“, „Хауардс Енд“ и „Пат кон Индија“.

Младата Луси Ханичрч се наоѓа помеѓу својата ригидна братучетка Шарлот, педантниот свршеник Сесил и спонтаниот Џорџ и треба да донесе одлука. Таа мора да одлучи дали да го послуша срцето или да ги следи конвенциите на викторијанското општество. Нејзиниот избор го понесува товарот на целата генерација млади жени од почетокот на 20 век.

„Соба со поглед“ е третиот роман на веќе класичниот англиски романсиер Е. М. Форстер, кој до денес останува неговото најведро и најомилено книжевно достигнување кај читателската публика.

Движејќи го заплетот помеѓу Италија и Англија, помеѓу Фиренца и Сари, тој успева, со блага иронија, без никаков цинизам, а со многу хумор, да зборува за сериозни теми како класата, родот, туризмот, уметноста и љубовта.

Иако напишан пред повеќе од сто години, романот „Соба со поглед“ сè уште ѝ зборува на современата публика, за што сведочат многубројните реизданија и филмските адаптации.

Доколку сакате да ги добиете овие два романа на подарок, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата. Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во март. Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.