Два бестселера на подарок за 2 читателки: „Тајниот живот на писателите“ и „Без своја земја“

Овие и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Две ремек-дела на литературата на подарок на двајца љубители на пишаниот збор…

Најстарото списание за жени „Убавина и здравје“ и издавачката куќа „Топер“ овој месец за вас ги издвоија романите „Тајниот живот на писателите“ од Гијом Мисо и „Без своја земја“ од Ајше Кулин.

Фасцинантна книжевна сложувалка, која доживува неверојатен пресврт во моментот кога писателот ќе го нареди и нејзиното последно делче.

Минатото се враќа за да ја одигра својата последна игра… Откако напиша три култни романи, Нејтан Фолс во 1999 година објавува дека веќе никогаш нема да се занимава со пишување и се повлекува на прекрасниот, но див медитерански остров Бомон.

Есен 2018 година. Фолс нема дадено ни едно интервју веќе цели 20 години, но неговите романи не престануваат да го привлекуваат вниманието на читателите. Матилда Моне, млада швајцарска новинарка, доаѓа на островот со намера да ја открие тајната на Фолс.

Истиот тој ден на островот е пронајдено телото на една жена и власта решава да воведе блокада на островот. Тогаш меѓу Матилда и Нејтан почнува опасно соочување во кое се среќаваат долго криени вистини и уверливи лаги, но и љубов и страв.

Моќна историска сага за предизвиците на животот во прогонство и за тешките избори на оние што се принудени да ја прифатат неизвесната иднина, со куфери полни надеж.

Откако Хитлер доаѓа на власт, професорот Герхард Шлиман, неговата сопруга Елза и нивните две деца, Сузи и Петер, ја напуштаат Германија за да побегнат од прогонот на нацистите.

Прво заминуваат во Цирих, а потоа во Турција, кога Герхард добива понуда од Универзитетот во Истанбул. И додека Сузи и Герхард се обземени од турската култура и се обидуваат да се вклопат, Елза и Петер и понатаму цврсто се држат до своето германско потекло.

Во муслиманскиот град, новите обичаи имаат силно влијание на нивните животи – дотаму што го менуваат нивниот поим за татковина и припадност.

Од Втората светска војна до времето на друштвените мрежи, генерации од едно семејство ќе го бараат својот пат низ љубов и неволји, жртва и спасување, победа и пораз: со тешко стекнато знаење и страст во секое отчукување на срцето.

Доколку сакате да ги добиете овие два романа на подарок, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата. Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во март. Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.