Најпознатите италијански брендови PHARD и ZU+ELEMENTS повторно во срцето на Скопје

Време е да ги откриеме новите трендови на ZU+ELEMENTS!

Новоотворената продавница е лоцирана во Градскиот трговски центар, на приземје (поранешна ЛИСКА – поглед Жена парк), а во неа можат да се најдат парчињата од најновата колекција пролет/лето 2019, и тоа од двата бренда

Дамите своето омилено парче за оваа сезона можат да го одберат од колекцијата на PHARD, а сезонава дефинитивно токму овој бренд треба да е вашиот избор ако сакате да бидете во тренд, единствени и урбани во секоја прилика. На работа, додека го пиете вашето денско кафе или за вечерно излегување. PHARD едноставно нуди парчиња кои морате да ги имате! Парчиња во боите на пролета и летото, модели кои се едноставно неодоливи.

Не пропуштајте ја можноста да го збогатите вашиот орман со нови и свежи модели во кои ќе блеснете на секоја забава на која ќе бидете поканети. Бидете уникатни и женствени и оваа пролет/лето сезона со моделите на еден од најпознатите италијански модни брендови – PHARD.

ZU+ELEMENTS, пак, е колекција наменета за сите урбани фраери кои не се откажуваат од младешкиот изглед. Откријте што ни носи новата ZU+ELEMENTS колекција и кои се must have парчињата за перфектен изглед. Секоја сезона носи нови бои, модели… А овој пат акцент е ставен на деталите. Она што е во центарот на вниманието, особено кога станува збор за маиците, е ’крстот’ како печат на сезоната.

Фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.