Доживотно ќе пие лекови: На Анабела Атијас ѝ е дијагностицирано автоимуно заболување

Промените се веќе видливи на неа

Инстаграм

На поп-пејачката Анабела Атијас ѝ е дијагностицирано автоимуно заболување. И додека сите мислеа дека вишокот килограми што го накачи за еден месец е резултат на пеколот низ кој поминува поради постарата ќерка Луна, која моментално учествува во втората сезона на реалното шоу „Задруга“, вистината е поинаква. Како што самата објасни, станува збор за заболување на штитната жлезда, кое се вика Хашимото, кое придонесува разорување на жлездата од страна на сопствените клетки, поради што таа не ја врши правилно својата фнкција, а тоа тоа резултира со дебелеење.

Анабела на Инстаграм објави дека се здебелила седум килограми поради Хашимото и дека терапијата што ја прима е доживотна.

Како што појасни, веќе еден месец се бори со килограмите и настојува да ги намали со секојдневни тренинзи и сменет начин на исхрана.

По еден месец напорно работење на својот изглед, успеав да симнам 7 кг кои ги накачив поради болеста на штитината жлезда или Хашимото. Со сменет начин на исхрана и редовни тренинзи овој здравствен проблем може да се санира“, напиша Анабела на својот инстаграм-профил.

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.