Купувајте според филозофијата што се базира на принципот „трошок по носење“

Моден совет кој ќе ви заштеди пари

Иако промената на годишна сезона вообичаено значи и промена на гардеробата и купување нови парчиња облека, тоа нужно не значи и голема инвестиција која ќе го испразни вашиот новчаник.

Пред  да се одлучите кои парчиња облека сакате да ги купите во оваа пролетна сезона, ве советуваме секогаш на ум да го имате овој моден совет кој со сигурност ќе ви заштеди пари:  Купувајте според  „Cost per wear (CPW)“ филозофијата, односно филозофијата која се базира на принципот „трошок по носење“.

Идејата е дека пред да го направите вашиот финален избор, треба да го пресметате трошокот по носење и на тој начин да ја разгледате реалната вредност на тој производ.

За да не ве збуни ова, ќе се обидеме да поедноставиме

Трошок по носење  =   Цена на производот/ Број на носења

Односно, ако купите панталони кои чинат 800 денари и ги облечете пет пати, тоа значи дека реалната цена на тие панталони е 160 денари по носење, но ако купите панталони кои чинат 2.000 денари и ги облечете 20 пати, тогаш трошокот по носење кај овие панталони кои иако имаат повисока цена е драстично помал и изнесува 100 денари.

Ако искрено се запрашате дали некогаш сте купиле поефтино парче гардероба кое се оштетило уште при првите неколку носења, па сте морале дополнително да купите ново и сето тоа ви чинело прескапо, сигурно одговорот ќе биде позитивен.

Секому му се случило барем еднаш да направи слично модно промашување, затоа овој принцип на купување кој подразбира пресметување на трошокот по носење е многу популарен во светот.

 „Cost per wear (CPW)“  принципот е исклучително корисен и на долг рок навистина ќе ви донесе огромни бенефити затоа што:

  • Секогаш ќе имате облека со висок квалитет
  • Вашите гарадроба ќе има низок трошок по носење
  • На долг рок ќе заштедите многу пари

Затоа, оваа сезона бидете помудри во купувањето, одберете квалитетни парчиња облека кои ќе можете да ги носите многу долго и да ги вклопите во повеќе сезони.

Се надеваме дека нашиот моден совет ви се допадна и беше корисен за вас, ако е така, споделете го со вашите пријатели и следете го нашиот Блог и добивајте многу корисни совети кои ќе подобрат вашето секојдневие.

Новата колекција на „Линеа“ можете да ја погледнете на нашио сајт www.linea.mk како и на продажните места низ Македонија.

Останете задоволни и среќни, затоа што го заслужувате тоа,

Ваша, Линеа.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.