7 чекори за здрав живот на доктор Хироми Шинија: Ако го почитувате ова, телото само закрепнува од сите болести!

Препорака

Доктор Хироми Шинија има 50 години искуство, а особено е познат во Јапонија и во Америка

Доктор Хироми Шинија вели дека човечкото тело може да остане здраво во кое било доба, дури и во подоцните години. Програмата „Биозим“ се заснова на можноста клетките да апсорбираат максимална количина на енергија од консумираната храна, што за возврат може да придонесе за подмладување на организмот.

7 основни чекори за здраво тело:

1. Урамнотежена исхрана: 85% растителна храна (житарки, грав, грашок, свеж зеленчук и овошје, ореви и слично), околу 10% протеини (пилешко, свинско, говедско, јајца, риба, бадеми и слично). Покрај тоа, треба да користиме и витамински и минерални суплементи, мед, прополис, билни чаеви.

Во ограничени количини консумирајте (а подобро е целосно да ги исклучите): животински масти, млечни производи, кафе, зелен чај, благо и шеќер, кујнска сол, чоколадо и алкохолни пијалаци.

Општи препораки:
  • Не јадете и не пијте ништо 4 часа пред спиење.
  • Џвакајте ја храната темелно.
  • Половина час пред јадење испијте свежо цеден сок.
  • Не јадете грицки (освен овошје).
  • Јадете повеќе свежа и готвена храна.
  • Почесто користете ферментирана храна.

2. Чиста вода: Возрасните треба да пијат најмалку 7 чаша вода дневно (од 1 до 3 чаши наутро, а потоа по една чаша, еден час пред јадење).

3. Природно прочистување на цревата: Секој ден мора да ги прочистите цревата од токсини, но не смеете да користите лаксативи.

4. Физичка активност: најдобро е да водите активен живот. Што повеќе време да поминувате надвор, пливајќи, шетајќи, трчајќи или да се занимавате со јога.

5. Вистински одмор: Секој ден во исто време одете на спиете. Сонот треба да трае најмалку 6 часа. Корисно е да се опуштите половина час околу ручек.

6. Вежби за дишење: неопходно е редовно да вежбате правилно дишење (длабоко вдишување и издишување од стомак) и позитивно размислување. Би требало да го почитувате своето тело, да бидете во форма и да не носите облека што го попречува движењето.

7. Покажување љубов: Ова не се однесува само на блиските луѓе, туку на целиот свет околу нас. Обидете се да најдете радост во сѐ, често смејте се, танцувајте, пејте и радувајте се. Секогаш бидете им благодарни на саканите личности.

Постот на доктор Шинија

Малиот пост на доктор Шинија подразбира период на гладување од вечерта до утредента. Ова е неопходно за да се намали оптоварувањето на дигестивниот тракт и зачувувањето на ензимите.

Пред да си легнете, можете да испиете чаша топла вода, а исто така тоа можете да го повторите и наутро. Пред ручек, испијте чаша вода.

Ако чувствувате глад, тогаш почнала детоксикацијата. За да го подобрите процесот на детоксикација, легнете на грб, опуштете се, длабоко вдишете од стомак, издишете од уста и повторете го тоа 10 пати.

Целта на овој пост е да се гладува и мора да биде придружен со позитивни емоции, бидејќи тоа значи дека клетките се обновуваат.

Витаминот Д го зајакнува имунитетот до максимум: Во овие производи го има најмногу!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.