Овие обувки веќе не се во мода: 9 модели кои конечно паѓаат во заборав!

Тотален аут

Еве и кои трендовски модели ќе ги заменат

Модата постојано се менува, трендовите се менуваат, некои за жал некои на наша голема радост.

Еве кои обувки сега се тотален аут!

1. „Грди“ патики

Џиновските патики со необичен облик веќе не се моден хит – ќе ги заменат посуптилни модели. Сега убавината на едноставноста ќе дојде до израз!

https://www.instagram.com/p/BylEpWAi2nc/?utm_source=ig_embed

2. Нестабилни потпетици и платформи

Превисоките тенки потпетици и високи платформи не се веќе во мода. Оваа пролет и лето ќе носиме удобни блок пети или потпетици со необичен, но стабилен облик.

https://www.instagram.com/p/B_DSEG9DVQL/?utm_source=ig_embed

3. Салонки

Верувале или не, оваа пролет модата ги фрла класичните салонки во заборав. На нивно место, привремено доаѓаат заоблените чевли со широка пета.

https://www.instagram.com/p/B–AUuEAA2U/?utm_source=ig_embed

4. Чизми до глужд во неутрални бои

Со пролетните денови и лелеавите фустани и здолништа, во фокусот се чизми до глужд во впечатливи бои и дезени. Неутралните ги оставаме за наесен.

https://www.instagram.com/p/BhgcU9yhw9x/?utm_source=ig_embed

5. Проѕирни чевли

Многу жени се прашуваат зошто воопшто некогаш и биле во мода, со оглед на тоа што „згужваните“ прсти што се гледаат низ проѕирните ПВЦ обувки не се многу убава глетка. На нивно место доаѓаат отворените папучи со правоаголен врв, неколку дебели ремени и потпетица со средна висина.

https://www.instagram.com/p/B_PTOGTnNtA/?utm_source=ig_embed

6. Рамни пластични апостолки

Евентуално можете да ги носите на плажа. Низ град ќе ги гледаме познатите „флатформи“ со кожени ремени.

https://www.instagram.com/p/B2eAkymHSUR/?utm_source=ig_embed

7. Кломпи

Рамните папучи кои многу се носеа минатата година сега се во сенка на папучите на потпетица што само потсетуваат на кломпи.

https://www.instagram.com/p/B_PSu-3Anv5/?utm_source=ig_embed

8. Боцки

Познатите чевли на потпетица со боцки, конечно се минато. Ова лето ќе ги заменат едноставните сандали на потпетица со многу тенки ременчиња.

https://www.instagram.com/p/B_FtkwCp4dk/?utm_source=ig_embed

9. Балетанки со заоблен врв

Обувките што мажите не ги поднесуваат заминуваат во заборав, сега се носат правоаголни чевли или сандали, рамни или со минијатурна потпетица.

https://www.instagram.com/p/B-5D2Rfp30w/?utm_source=ig_embed

На кој тренд најмногу му се радувате? За кој ви е драго што конечно не се носи повеќе? Споделете со нас во коментари!

4 одлични трикови за визуелно издолжување на нозете

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.