КАПИ И ШАПКИ што можат да ги носат сите! И РАКАВИЦИ!

Топли аксесоари

Ве советуваме како да го изберете иделниот модел.

Кожа или волна? Зависи од афинитетите. Но земајќи предвид дека кожените ракавици не треба да ги симнувате кога отворате/затворате врата или возите автомобил, тие се попрактични од волнените.

Ако изберете волна, внимавајте ракавиците да му одговараат на вашиот стил. Можат да бидат едноставни, во една нијанса или во шарени.

Ракавиците секогаш комбинирајте ги со шалот. Принципот е ист како кога комбинирате чанта и чевли. Капата се комбинира со остатокот од аутфитот.

Големина? На кожените ракавици ќе пронајдете големина што означува дијагонално мерење на рацете. За да си го олесните изборот, измерете ја раката пред да одите во шопинг.

Нека ве прегрне ШАЛОТ

Ако носите подолг капут, шалот нека биде неговиот украс. Завиткајте го само еднаш околу вратот и оставете краевите да му висат. Ако јакната ви е кратка, шалот завиткајте го неколку пати и краевите пикнете ги под работ на јаката.

Ако имате краток и развиен врат, наместо долг шал купете интересен ролка-шал и само навлечете го преку глава. Благодарение на асиметријата ќе изгледате повити.

Во зима се носат и кашмир-шалови, марами, наметки. Жените со крушковидна градба на телото би требало да носат украс околу вратот. Ако, пак, имате поразвиен горен дел на телото, марамата, шалот или наметката спуштете ги на рамена.

Совет-плус: Ако шалот е тенок и ви пречи што се лизга од јакната, најдете прстен низ кој ќе ги провлечете неговите краеви. Ќе добиете интересен украс на капутот, а истовремено ќе ви биде и топло.

Текст: Магдалена Медичи

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.