10 зелени идеи: Зошто да не се обидеме да штедиме?

Разбудете еколошката свест

Со изборот на еколошки апарати за домаќинство заштедувате електрична енергија, а придонесувате и во семејниот буџет и во заштитата на околината. Но важно е да се потсетиме на некои мали, секојдневни гестови и постапки

1 Исклучете го светлото кога не ви е потребно – една светилка со сила од 100 W, на годишно ниво, троши дури 876 kWh

2 Компјутер што работи пет часа дневно троши околу 730 kWh годишно, затоа исклучувајте го дури и кога правите пауза од половина час.

3 Истото важи за ТВ, радио и за сите други уреди. Да, под ова се подразбира и полначот за мобилен, кој треба да се извлече од струја штом ќе се наполни батеријата на телефонот.

4 Класичните светилки заменете ги со штедливи, кои трошат трипати помалку енергија.

5 Употребувајте платнени торби за пазар наместо пластични кеси. Знаеме дека овој совет ви е познат, но дали се придржувате до него?!

6 Додека храната се вари, тенџерето поклопете го со поклопец. Ринглата не мора да грее со максимална снага доколку не е неопходно, а може да се исклучи 5 мин. пред да е готово јадењето.

7 Кога варите кафе или чај, стоплете онолку вода колку што навистина ви е потребно.

8 Намалете го млазот топла вода додека миете садови.

9 На секои три години чистете го каменецот на грејачот во бојлерот, бидејќи тој спречува ефикасна размена на топлината.

10 Со вградување ролетни и поставување завеси можете да ја зачувате топлината во домот.

ЕКО-УРЕДИ во домот Домаќинствата низ Европа се опремени со повеќе од 188 милиони уреди постари од десет години. Верувале или не, со замена со нови, еко-апарати би можело да се заштеди толку енергија колку што за една година произведуваат 12 термоелектрани

Ладење

Апаратите за разладување трошат многу енергија – секој ден, 24 часа дневно, 365 дена во годината. Најголема улога во потрошувачката на енергија игра големината на уредот.

Миење садови

Машините за миење садови се најголеми потрошувачи на струја во домаќинството – трошат речиси 18% енергија. Затоа е важно да се избере еко-производ.

Перење облека

Доколку машината за перење алишта стара десет години ја замените со нова со ознаката „еко“ ќе заштедите значително големо количество електрична енергија.

Сушење

Најдобро е алиштата да се сушат на воздух, закачени на јаже, на начин на кој тоа го правеа нашите баби. Но брзиот начин на живот бара брзо сушење. Затоа купувајте еко-машини за сушење алишта.

Текст: Рената Балзам

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.