КАПИ И ШАПКИ што можат да ги носат сите! И РАКАВИЦИ!

Топли аксесоари

Ве советуваме како да го изберете иделниот модел.

Што му дава посебен печат на нашиот зимски стил? Модните детали што ѕиркаат под јакните или капутите: капи, ракавици, шалови, шубари… Но нивниот избор не зависи исклучиво од вашиот вкус и стил, туку од градбата на телото, обликот на лицето, должината на косата, од годините…

Ако имате мало лице и кратка коса, носете капи што се припиени до лицето. Идеални се „половинки од круг“ што го врамуваат лицето.

За жените што имаат нагласени јаболчници совршени се капите со тремче, кои оптички ги „омекнуваат“ цртите на лицето.

На тркалезните лица најдобро им прилегаат француски капи. Носете ги така што да се гледа нивната форма.

Класична капа со украс на врвот им прилега на жени со квадратесто лице.

Ако имате мало лице – подобро ви прилега шапка со помал обод. Колку е поголемо и потркалезно лицето, толку поголем треба да биде и ободот.

Модел на ловечка шапка им прилега на жени со изразена брада, носете каубојска шапка ако имате тркалезно лице, а војничка (со строг цилиндер и со помал обод) ако лицето ви е долгнавесто.

За жените не важи правилото дека при влез во просторија треба да ја симнат капата каков што е случајот со мажите.

Нежен допир на РАКАВИЦИТЕ

Текстот продолжува на следната страница…

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време