10 совршени фустани за да бидете ѕвезда на вечерта (ФОТО)
Празници се ближат...
Иако стилските подготовки за секаков вид на прослава се секогаш забавни, оваа сезона на забави е уште повозбудлива од вообичаеното. По минатогодишната празнична атмосфера помината дома и преку зум, оваа година празниците ги чекаме со раширени раце и со омилениот пар салонки на нозете.
Така, во име на елегантниот, забавен стајлинг и излегувањето со пријателите, составивме листа на феноменални фустани за новогодишните и празничните забави.
Без разлика на вашата естетика – дали сакате смели комбинации или се придржувате до класиката со избирање на мал црн фустан, ви носиме упатства кога станува збор за купувањето за овогодинешните забави. Лесно е да се занесете со парчиња водени од трендовите (сите го правиме тоа), но важно е да се потсетиме на можноста за повеќекратна употреба на избраната гардероба.
Во нашата галерија ви претставуваме избор од 10-те најубави фустани во кои вие ќе бидете најсветлата ѕвезда на вечерта.