Како изгледа гламурозна трудница на црвениот килим – демонстрира Џенифер Лоренс (ФОТО)

Актерката го очекува своето прво дете, со сопругот Кук Марони, со кој се омажи пред две години, по врска од една година. На церемонијата во луксузната вила, присуствуваа многу гости од А-листата, меѓу кои и Адел, Ема Стоун и други

Оскаровката Џенифер Лоренс (31) на премиерата на „Don’t Look Up“ во Њујорк го покажа трудничкиот стомак во златен фустан. Идната мајка гордо позираше на црвениот тепих во друштво на својот колега Леонардо ди Каприо, со што оваа вечер донесе двојна доза на сјај и гламур.

Фустанот на „Диор“, кој лежерно ја придружуваше нејзината фигура, ненаметливо истакнувајќи го нејзиниот стомак, го красеа детали во вид на светки, додека ракавите беа своевидна имитација на наметка.

Тоалетата ја искомбинира со златни обетки Tiffany & Co., кои се истакнуваа повеќе благодарение на неуредниот кок. 

Духот на стариот Холивуд никогаш не бил поприсутен благодарение на овој блескав стајлинг, нели?

Фото: Instagram @jenniferlawrence_

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.