Принцезата од Монако јавајќи коњ ја отвори ревијата на Chanel!
На Модната недела во Париз, во текот на модната ревија на луксузниот бренд Chanel, со спектакуларно влегување се појави внуката на Грејс Кели, принцезата Шарлот Казираги од Монако.
Принцезата, која е амбасадорка на брендот, буквално со јавање коњ влезе на ревијата, носејќи препознатливо сако од твид на Chanel и црни пантолони.
View this post on Instagram
Креативната директорка Вирџинија Вијард ја базираше колекцијата на беспрекорна елеганција и твид, но исто така присутни беа свила и сатен.