Серена Вилијамс креира фустан за секое женско тело (ФОТО)

Дали ви се допаѓа?

Славната тенисерка Серена Вилијамс меѓу мајчинството и спортот се впушти и во дизајнерските води, а осмисли фустан за кој вели дека и’ прилега на секоја жена, без разлика на нејзиниот облик на телото.

 

Својата дизајнерка умешност тенисерката ја претстави на социјалните мрежи.

 

Класичниот фустан со средна должина со потписот на славната Серена има V-изрез и се врзува околу половината.

Како што вели таа, никој на светов не изгледа исто и нема исто тело, па затоа посакала да дизајнира парче што ќе им прилега на сите.

Сите сме различни луѓе со различни специфичности и особини. Кој е подобар начин да се покаже фустанот за сечие тело од оној да се облече на сите типови тело“, вели тенисерката во промотивното видео во кое се појавува со жени со различна висина, става, облечени во нејзиниот фустан.

Текст: Глорија

Фото: и видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.