Повик за гламур и смелост: Колекцијата на Оскар де ла Рента за есен / зима 2020

Њујоршка модна недела

Нови креации на познатата модна куќа за свечени прилики, но и за секојдневни зимски комбинации.

На Модната недела во Њујорк својата модна колекција за есен / зима 2020 година ја претстави и реномираната модна куќа на Оскар де ла Рента.

Препознатлив како бренд со чие име се врзува отменост и елеганција, колекцијата за следната студена сезона нѐ исполни со исчекување.

Богатиот избор на различни гламурозни фустани ги воодушеви љубителите на модата како и модните критичари, а достапни се „вистински зимски” модели на фустани до под со долги ракави, но и неколку креации за храбрите дами за кои студеното време не претставува проблем.

Иако свечените тоалети биле најубавиот украс на ревијата Оскар де ла Рента, основната колекција се сепак зимски модели и капути во доминантни бои, интересни дезени и детали.

Дали вам ви се допаѓа новата колекцијата на модната куќа Оскар де ла Рента?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.