Проблеми во рајот: Сестрите од кланот Кардашијан-Џенер веќе не се „во љубов“

Летаат пердуви на сите страни

Изгледа дека нераскинливата семејна врска меѓу популарните сестри од кланот Кардашијан-Џенер полека слабее, па Кортни, Ким, Клои и Кајли се’ почесто се расправаат, како во јавоста, така и пред камерите на реалното-шоу кое ги направи славни и богати „Во чекор во Кардашијан“. Кендис, како и досега, стои на страна од „хаосот“!

Одлучив да им се посветам на децата и повеќе време да поминувам со нив. Меѓутоа, тоа не е крај. Мислам дека ќе морате да ја гледате 18-та сезона за повеќе информации, која се’ уште се снима“, изјави најстарата сестра Кортни кардашијан во октомври минатата година за време на гостувањето во популарното шоу Entertainment Tonight.

Моментално сум среќна и задоволна со својот благослов, но дефинитивно има моменти кога сакам да го напуштам шоуто. Животот е краток и сакаш да бидеш среќен“, неодамна изјавила Кортни, која е мајка на три деца.

Инаку, Кортни уште пред три години зборуваше дека сака да се тргне од шоуто, кое го следи секој чекор на нејзиното семејство, вклучувајќи го и раѓањето на сите наследници.

Меѓутоа, тоа не е единствена драма која се врти околу Кортни. Семејството Кардашијан беше на забавата по одржувањето на Оскарите, каде што сите помислија дека сестрите поминуваат квалитетно време заедно. Меѓутоа, Клои, по забавата, на Твитер објави статус во кој ја обвини Кортни дека им ја упропастила ноќта.

Зошто Кајли Џенес и јас ѝ дозволивме на Кортни да ни ја упропасти ноќта“, напиша таа.

Веќе со месеци трае тензијата меѓу сестрите, кои без воздржување се караат и пред камерите на популарното реално шоу.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.