Ништо не може да подмлади жена како добро стилизираната коса: Со ваква фризура ќе се „подмладите“ за една деценија

Одберете паметно!

Доколку направите добар избор, ќе изгледате помладо и до десет години

Кога ќе влезете во некои зрели години, пожелно е да знаете неколку трикови со чија помош ќе го задржите младешкиот изглед. Заборавете на скапите третмани, сè што ви треба е добро стилизираната фризура.

Фризерите ја нашле совршената формула со која секоја жена изгледа една деценија помлада за секунда. Жените со години ја пуштаат косата, иако вистинската преродба настанува кога ќе ја потстрижат.

Од должината, но и бојата на косата зависи како ќе изгледаме. Фризурата боб или паж не само што подмладува туку е и голем тренд во 2020, велат стилистите. Со оваа фризура ќе добиете женствен изглед, а најдобро е тоа што не треба да вложите многу време за стилизирање.

Исушете ја косата, додајте малку пена и за момент ќе имате интересна фризура.

Кога станува збор за бојата на коса, стилистите советуваат да одбирате посветли прамени. Оние со боја на мед или посветлите нијанси на кафеава апсолутно секому добро му стојат. Кога ќе ја осветлите косата за 2-3 тона, автоматски ќе изгледате посвежи, поодморени и она што на многу жени им е важно – помлади.

Шерон Стоун е доказ дека фризурата може да го трансформира целиот изглед. Откако ја скрати косата, добива само позитивни коментари!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.