Со овој хороскопски знак не треба да имате работа!

Бидете внимателни во изборот на партнерот

Близнаци, стојте подалеку од Скорпиите!

Секој знак на Зодијакот има барем еден „непријател” помеѓу хороскопските знаци, односно еден знак со кој никако не се согласува. Со тој знак не треба да има некаква работа, а особено не треба да го избере за партнер!

Кој е вашиот хороскопски „непријател”?

Овен

Вие сте премногу импулсивни да би можеле да функционирате со Јарец. Тој е премногу упорен  и промислен. Овен и Јарец се во постојана кавга, а вие ќе се чувствувате како Јарецот постојано да ве влече назад и да ви пречи во сè. Од друга страна, Јарецот ќе биде убеден дека му вршите преголем притисок.

Бик

Водолијата ќе ви ги „искине” нервите! Вие сте многу тврдоглави и упорни, ретко можете да ги согледате нештата од друг агол, да ги воочите новите можности и да најдете нов начин да ги решите постојните проблеми, а Водолијата го прави токму тоа. Тие имаат решение за секој проблем, а вие нивната креативност ја гледате како провокација, додека тие вашата реакција ја гледаат како одбивање. Голем јаз стои помеѓу Бик и Водолија, па најдобро е да не се приближуваат еден кон друг.

ФОТО: Pixabay

Близнаци

Држете се што подалеку од Скорпијата, бидејќи никогаш нема да можете да ѝ го дадете тоа што ѝ е потребно. Покрај тоа, вие сте личност на која може секој да ѝ стане здодевен, лесно ви се одвлекува вниманието, додека на Скорпијата ѝ е потребно многу внимание и време. Ќе ви се одмазди бидејќи не ѝ го посветувате, а вам нема да ви биде нималку пријатно.

Рак

Со вашите опсесии брзо ќе ја избркате личноста родена во знакот Стрелец. Иако не се плаши од вас, Стрелецот никогаш нема да биде личност која умее да ги цени вашето внимание и силата на вашата љубов.

Лав

Многу е мала можноста да успеете да развиете убав однос со знакот Риби. Иако помеѓу вас можеби има силна привлечност, длабоко емотивните Риби и индивидуалниот Лав не можат да се согласуваат долго време.

Девица

Немојте да се залажете од илузијата на Терезијата. Иако можеби ви се чини дека сте слични и дека целосно се разбирате, што повеќе време поминувате заедно, се повеќе ќе сфаќате колку е тоа голема грешка.

Терезија

Често ви се допаѓаат личности во знакот на Девица, но тие дефинитивно не се за вас. Тие имаат тешки карактери на кои не можете да влијаете. Вие сте склони да го посветите цел свој живот на саканата личност, но со партнер како што е Девицата, не постои доволно време и енергија на светот која ќе ви помогне да го остварите сонот за заеднички живот со неа.

Скорпија

Вие живеете за љубов и страст. Иако ви се чини дека Близнаците се правилната личност за вас, размислете уште еднаш. Одговорноста и посветеноста што ја посакувате, нема да ја најдете во нив. Ниту во најсилната љубов, со Близнаците никогаш нема да се осеќате пријатно, опуштено и потполно задоволно.

Стрелец

Можеби ви изгледа дека со Ракот одлично ќе се сложувате во врска со сѐ, но тоа е само ваша илузија. Не, тој не е храбар како што ви се чини, ниту авантурист како што вам ви е потребно.

Јарец

Овен? Немојте ни да помислите! Вие, Јарците, ништо во животот не можете да направите без стратегија, план и внимателност, а Овенот е од сѐ тоа оддалечен. Личноста Овен е сосема спротивна од вас. Едноставно, Јарец и Овен не се комбинација која може да функционира.

Водолија

Бикот вас сигурно ќе ве заинтригрира, но не можете долго да „траете” заедно ни пријателски, ни колегијално, а ни во љубовта. Бикот секогаш ќе ви прави да се чувствувате вознемирено, што воопшто не е добро за вашата емоционална и ментална стабилност.

Риби

Не се плеткајте со Лавот. Пред да трепнеме ќе ги прегази вашите нежни емоции. Вие сте склони на фантазирање и сонување, а Лавот кој е опседнат со себе и своите потреби нема да направи ништо за да ги оствари. Пронајдете за себе некој помалку себичен и индивидуален.

Фото: Pixabay.com

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.