Одолговлекување на обврските – проблем и решение

Феноменот на прокрастинација

Приоретизирање на обврските како соодветно решение

Воопшто не е лесно да се биде во чекор со предизвиците кои ги налага модерното општество во кое живееме. Константната потреба да го дадеме најдоброто од себе, да ги направиме најдобрите одлуки и да ги извршиме сите наши обврски знае да биде исцрпувачка и проследена со голема доза на стрес и главоболки.

Многу често, се чини дека најдобрата или најлесната одлука е да ги одолговлекуваме нештата, односно да прокрастинираме.

 

Феноменот на прокрастинација

Прокрастинацијата е тивок убиец на мотивацијата и продуктивноста. Таа претставува лоша навика на луѓето на кои често им се случува да потпаднат под стресот кој доаѓа со секојдневните обврски. Навидум безопасна, доколку не и се придаде значење, прокрастинацијта може да биде проследена со редица негативни последици, кои, за жал, ги чувствуваме кога е веќе доцна за соодветна реакција.

Срочена во мал милион изговори со кои ги одложуваме обврските за наредниот ден знаејќи дека од ова нема да произлезе ништо добро, прокрастинацијата е недостиг на дисциплина помножена со стравот од соочување со проблемите.

Иако многумина сметаат дека станува збор за проблем на модерното општество, прокрастинацијата и човековата потреба за одолговлекување на обврските може да се следи илјадници години низ историјата.

Како феномен кој се провлекува низ годините, прокрастинацијата во денешно време е дополнително поизразена како резултат на бројните дистракции со кои сме соочени секојдневно.

Приоретизирање на обврските како соодветно решение

Сепак, позитивната страна на овој проблем е дека постои соодветно решение. Односно, најдобриот начин на справување со одложувањето на обврските и намалувањето на негативните ефекти од прокрастинацијата е поставувањето на приоритети и исполнување на истите.

Во зависност од индивидуалниот животен стил на луѓето, за секој од нас, приоритетите можат да бидат насочени кон различни професионални или персонални цели. Сепак, постои еден аспект што е заеднички за сите, а тоа е нашето здравје.

Всушност, болката е чест симптом на прекумерен стрес и справувањето со неа треба да биде на прво место. Навременото соочување со болката остава простор за справување со сите останати обврски во денот и за донесувањето на подобри одлуки.

Со добра дисциплина и правилно приоретизирање, одолговлекувањето не мора повеќе да ви предизвикува стрес, ниту пак да влијае на вашето здравје.

Потрудете се да го најдете соодветниот начин за справување со обврските, наместо да барате изговори.
Не одолговлекувајте, кажете не на прокрастинацијата, а со болката справете се брзо и ефикасно.

Текстот е инициран од Налгесин С. Брзо се справува со болката

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.