Кога принцот Чарлс дизајнира облека, таа изгледа, а и чини… кралски!

Заплови во модните води

Принцот Чарлс (71) повеќе пати беше прогласуван за најдобро облечен маж на светот од страна на машките магазини, како што се „Eсквајер“ и „Џи-кју“, а сега ја претстави и својата линија облека.

Колекцијата „Модерн артисан“ (Modern Artisan) е составена од 18 луксузни парчиња облека – десет женски и осум машки, изработени од најквалитетни природни материјали и според принципите на одржливост што ги застапува принцот во сите области од животот.

Кога станува збор за облеката, како што изјави за британски „Вог“, тој е згрозен од „брзата мода“, при што се купува и се фрла облека во големи количини.

Претпочитам да ги поправам и преработувам, наместо да фрлам работи од плакарот“, истакна тој. За тоа, се чини, сведочат и фотографиите направени изминативе десет години на кои принцот носи две идентични палта.

Палта, јакни, кошули и панталони се составен дел од проектот финансиран од Фондацијата на принцот, а во соработка со италијанскиот бренд „Јукс-нет-а-портер“. Облеката со потпис на британскиот принц ќе се продава преку нивната интернет-страница.

 

Целта за оваа долгорочна соработка, меѓу другото, е зајакнување на традиционалните вештини во производството на облека во Велика Британија и во Италија. Целиот приход ќе се вложи во програми за курсеви по текстил за млади луѓе преку Фондацијата на принцот.

Фото: Getty Images, Twitter

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.