Реткост: Славната холивудска двојка прослави 27 години брак

Бракот не го земаат здраво за готово

Мишел Фајфер речиси три децении е вљубена во ист човек

Мишел Фајфер и Дејвид Е. Кели ја прославија 27-годишнината од бракот.

Нивната љубов од самите почетоци била необична, како што открива актерката, тајната на нивниот успех е и тоа што бракот не го земаат здраво за готово.

Имено, во јануари 1993 година, нивните заеднички пријатели им организирале состанок „на слепо“, кој тогаш не успеал, затоа што се претворил во забава со повеќе луѓе, така што актерката и продуцентот речиси и не размениле збор.

Но на Кели дефинитивно му се допаднала Мишел, па веќе идната недела ја поканил во кино и нивната врска наскоро станала сериозна.

Можеби токму затоа се’ уште не сме се заситиле еден со друг и не сме дигнале раце од нас, затоа што нашиот фокус цело време беше на нешто друго. Но тоа не значи дека го земаме нашиот брак здраво за готово. Се’ уште, барем еднаш неделно, имаме мали, романтични излегувања и вечера. Само ние двајца“, вели Мишел.

Славната двојка има две деца.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.