Кичо Слабинац од жената на својот живот побарал да му го вети ова

Последната желба на славниот пејач

Мирјана Антоновиќ е жена на која покојниот Кичо Слабинац пред неколку децении ѝ ја посвети песната „Због једне дивне црне жене“, а таа песна стана голем хит и омилена е и денес.

Во едно свое интервју, популарниот пејач откри дека по разделбата долго време не комуницирале се’ додека пред неколку години се сретнале во Загреб и го обновиле пријателството.

Мирјана многу се потресла кога ја слушнала веста за смртта на Кичо, па порача на Фејсбук:

Неколку дена пред да замине во болница, Кичо ме замоли да му ветам дека ќе бидеме заедно на небото. Ми вети дека ќе ми се јави штом ги отвори очите. За жал, тоа не се случи, што беше многу загрижувачко. Ќе ни недостасува многу, особено мене.“

Многумина ја критикуваа затоа што вака пишува за него, а некои ја коментираа нејзината долга
борба во која се обидува да докаже дека Мирослав Илиќ му е татко на нејзиниот син Девин. Мирјана
одлучи да им одговори на овие критики и да разјасни кога се сретнала со Слабинац и по колку години од раскинувањето со него се сретнала со Илиќ.

За сите што ме критикувавте во овој момент за моите коментари за Кичо и од солидарност кон Мирослав, а не ги знаете фактите. Меѓу Кичо и запознавањето со Мирослав поминаа 15 години. Кога Кичо и јас се вљубивме и почнавме врска, бевме многу млади, лудо се сакавме, но околностите беа такви што не можевме да останеме заедно. Кичо се ожени и разведе. Додека тој беше женет, ние не бевме во контакт. Подоцна се видовме и воспоставивме пријателски однос.

За разлика од Мирослав, Кичо е добар човек и единствениот кој во животот искрено ме сакал. Жал му беше што Девин ги минува сите тие гадости со Мирослав и што Девин не е негов син. Мирослав не е ниту чесен ниту добар човек. Тој знае дека Девин е негов син и го лаже целиот свет, малтретирајќи го роденото дете. Со кого повеќе би сакале да бидете во рајот, Кичо или Мирослав?“, напиша Мирјана.

Извор и фото: vecernji.hr

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.