Во изведба на Ирина Шајк: Едноставниот црн фустан долго време не бил вака впечатлив (ФОТО)

Фото: Getty Images

Ваквите комбинации се нејзина специјалност.

Минатата недела, во ексклузивниот клуб „Зеро Бонд“ на Менхетен се одржа прославата на 33-от роденден на јужноафриканската супермоделка Кендис Сванпул, а една од гостинките беше нејзината пријателка Ирина Шајк.

Шајк во придружба на мистериозен маж се обиде да се најде „под радарот“ одлучувајќи се во целосно црна облека со спортско капче во истиот тон.

profimedia-0639174481.jpgПозната како голем љубител на комбинации на темна облека, Русинката се одлучи за едноставен стајлинг со мини-фустан, кој го надгради со додатоци во свој стил.

Ирина за вечерта во Њујорк носеше и долго палто со копчиња во два реда, гломазни кожени чизми и штепувана чанта, што во целина беше одлична противтежа на провокативниот фустан.

profimedia-0639210754.jpg

Фото: Профимедија, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.